Досега коментиравме од различни аспекти за тоа на што треба да внимаваме кога станува збор за бизнисот. Знаеме кои се добри, а кои се лоши чекори по ова прашање, меѓутоа ништо од тоа не би било важно, доколку не поразговараме за маркетинг миксот. Па, ајде да го разгледаме досега кажаното од претходните постови од една нова перспектива:

Продуктот. Тој мора да им се допадне на потенцијалните клиенти.  Продуктот треба да одговара на одредена потреба и во идеален случај, да ве привлекува одново да го купите. Без оглед колку е добар продуктот, никој нема да сака да го купи, доколку не постои некаков маркетинг за него (подетално во некој друг пост). Вие можеби го обожавате она што сте го создале, меѓутоа прашање е дали и пазарот го дели вашето мислење.

Местото. Тоа е локацијата на која го продавате продуктот. Треба да бидете сигурни како се одвива дистрибуцијата на производот. Во спротивно, тоа може да има импакт на вашите трошоци. Доколку работите со продавачи, препродавачи и слично, ќе треба да ги плаќате, а тоа се додатни трошоци. Покрај ова, треба да се води сметка и за тоа како да се дојде до крајните корисници.

Цената. Таа одредува колкав ќе биде профитот за компанијата, па затоа треба да биде внимателно избрана. Цената треба да биде поставена на ниво на кое пазарот ќе може да ја прифати. Ова е особено важно ако ги земеме во предвид сличните бизниси кои се борат со вас да ги “освојат” купувачите.

Промоцијата. Таа се применува на веќе точно одредена група на потенцијални клиенти. Тука одредуваме како да стигнеме до нив. Секако, ова значи дека тие се претходно профилирани. Нивната возрасна група, ситуираноста, однесувањето, локацијата, социо-економските фактори и сл. се веќе апроксимативно одредени. Во овој дел од стратегијата работиме сегментација на пазарот на помали групи. Оттука, ќе може да се детектираат луѓето со исти потреби.

PR-от. Преку него креираме врска со клиентите и со негова помош се дефинира генералната слика за продуктот. Импресиите што ќе бидат предизвикани можат да бидат долготрајни. Затоа, треба ова да се контролира со креирање солидна PR стратегија во која ќе се внимава на деталите.

Кругот е тој.

Да го завртиме.

Претходна статијаGoogle целосно ќе се префрли на обновлива енергија од 2017
Следна статијаSamsung скинот за Android веќе нема да се вика TouchWiz – сега е Samsung Experience