entrepreneur

Навистина е иритирачки кога не може брзо да се дојде до основна информација. Особено кога станува збор за отворање фирма. Пред неколку месеци сакав да основам свој стартап, но не знаев како електронски да најдам информација што се’ ми е потребно.  Тоа е затоа што кај нас не постои едно централизирано место за распределба на информации од одреден контекст. Моите пријатели кои се правници се шегуваа со мене велејќи: “а која би била поентата од нас, доколку се’ е достапно лесно?”. Работата e во тоа што информациите од јавен карактер треба да бидат бескомпромисно достапни. Потребата од правно лице за вршење на процедурата сеедно си останува. Токму затоа, во овој пост ќе дефинираме како се отвора фирма, што би требало да претставува претприемач, а ќе зборуваме и за видовите на претпријатија кои постојат.

Поимот претприемништво приизлегува од францускиот глагол – entreprendre. Тоа значи дека нешто се превзема или зафаќа. Оттука, аналогно, претпримач (или модерно entrepreneur) е човек кој превзема некаков деловен потфат и ја користи својата креативност. Поточно, претприемачите се креативни и иновативни луѓе, малостопанственици кои не мируваат, туку постојано создаваат и внесуваат идеи.

entre

Трговски друштва. Според типологијата, тука спаѓаат трговец поединец (уште попознат како ТП), ДОО, ДООЕЛ и задруга. Секое од нив си има различи правила како функционира од аспект на бројот на основачи и одговорност на имот. Сите работат со одредена главнина и таа е вообичаено 5000 евра. Таа  може да бидат исплатена во кеш или дадена во опрема. Што се однесува до големината на претпријатието имаме:

  • Микро претпријатие – има до 10 вработени, годишен обрт еднаков или помал од 2 милиони евра и вредност на билансот на состојбата нормална или еднаква на 2 милиони евра.
  • Мало претпријатије – има до 50 вработени, годишен обрт еднаков или помал од 10 милиони евра и вредност на билансот на состојба нормална или еднаква на 10 милиони евра
  • Средно претпријатие – има до 250 вработени, годишен обрт еднаков или помал од 50 милиони евра и вредност на билансот на состојбата помала или еднаква од 43 милиони евра
  • Големо претпријатие – сите други кои не спаѓаат во претходно наведените

business

Сите претпријатија се заведуваат во Централен регистар. За основањето во почетокот (додека нема вработени) се плаќа околу 7500 денари. Се плаќа радиодифузна такса од 190 денари секој месец, се плаќа финален извештај во февруари во висина од 2500 денари (апроксимативно), фирмарината е 500 денари итн. Штом почне фирмата со работа (добива приход и има вработени) се дава главнината од 5000 евра и се плаќаат и сите други трошоци.

До сега, само Албанија воведе такса од нула денари за стартапите по неколку основи, па да се надеваме дека нешто слично ќе биде применето и кај нас :)

Што мислите вие? Пишете ни во коментар :)

 

*Помошен извор: “Претприемништво”, автор: Марија Зарезанкова Потевска

Претходна статијаSurface Phone ќе има Snapdragon 835 и 6 GB рам?
Следна статијаArrival е најдобриот филм годинава и еден од најдобрите НФ филмови некогаш направени