Како што веќе веројатно видовте во вчерашното видео кое ви го претстави мојот колега Мишо, некое време на користење го имавме Galaxy S8+. Имавме доволно време добро да се запознаеме со новиот знаменосец на Samsung, но и шанса да снимиме неколку видеа со карактеристики на смартфонот кои според нас треба да се одделат, кои не смеевме да ги пропуштиме.

Во видеото подолу зборуваме за водоотпорноста на Galaxy S8 и S8+. Ова не е нова функционалност во Galaxy серијата – Samsung го вградуваше и во претходната генерација, но кај овој модел е особено импресивно поради исклучително густата поставеност на компонентите во внатрешноста и малата рамка околу дисплејот.

Можам слободно да кажам дека ова е најелегантниот телефон на пазарот – барем така го гледаат моите очи. И од каде и да гледате, воопшто не изгледа како овој телефон да е водоотпорен – дури ни излезот за слушалки и влезот за полнење не се затворени. Едноставно, дизајн без компромиси.

Во наредниве неколку денови ќе ви претставиме уште три видеа за Galaxy S8+, кои треба да бидат само најава за деталната рецензија на телефонот која ќе пристигне наскоро.

Претходна статијаFacebook ја достигна бројката од 2 милијарди корисници месечно
Следна статијаAsus лансира специјални AMD и Nvidia графички за копање „Биткоин“