Shutterstock.com

Поради повторно зголемување на бројките на заболени со COVID-19 и појавата на втор бран кој според денешните бројки е и поголем од тој во април, владата вчера по препорака на Комисијата за заразни болести донесе одлука за повторно воведување на забрана за движење на сите граѓани.

Сепак, за разлика од претходно, овој пат полицискиот час нема да важи на целата држава, туку само во одредени делови, а тие ги вклучуваат следните:

  • Скопје
  • Шуто Оризари
  • Арачиново
  • Зелениково
  • Илинден
  • Петровец
  • Студеничани
  • Куманово
  • Липково

  • Штип
  • Карбинци
  • Тетово
  • Боговиње
  • Брвеница
  • Теарце
  • Желино
  • Јегуновце

Во овие населени места, граѓаните нема да може да излегуваат од дома во наредните три дена, почнувајќи од вечер во 21 часот, па се до понеделник во 5 часот наутро.

За останатите делови од државата исто така ќе важи повторно полициски час, но тој ќе биде од 21 часот вечер, па до 5 часот утре, а петок, сабота и недела од 16 часот во денот, до 5 часот наредниот ден.

Дали ќе има полициски час и од кога ќе важи после овој викенд, не е познато, а за тоа дополнително ќе се одлучува и ќе зависи од бројките во наредните три денови.

Поради познавање на кластерите, се очекува оваа мерка да го спречи ширењето на вирусот понатаму, а исто така за идната недела се предвидува намалување на бројките значително.

Претходна статијаНајдобри летни јадења: Лесни и малку солени јадења
Следна статијаFacebook почна да ги означува медиумите кои се „контролирани од државата“
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.