macbook-pro-2016-2

Минатиот месец, на посебен настан Apple ја претстави најновата генерација од нивниот познат бизнис ориентиран MacBook Pro.

Достапен во две големини, 13 и 15 инчи, главната новина која го привлече вниманието на овој лаптоп е замената на горните F копчиња од тастатурата со OLED екран на допир наречен Touch Bar.

Се работи за навистина интересен додаток кој овозможува корисниците за секоја апликација којашто ја користат да имаат посебни копчиња, а изборот само ќе се зголемува кога програмерите ќе почнат да претставуваат свои решенија.

Покрај ова, новите MacBook Pro лаптопи доаѓаат со подобрен дизајн кој покрај изгледот, вклучува и намалување на димензиите и тежината на уредите.

Основниот модел, кој прв почна да се продава, од минатата недела е достапен во iStyle, официјалниот продавач на Apple производи, лоциран во City Mall Скопје.

Тие ни овозможија да први го видиме, отвориме и „прочепкаме“ новиот MacBook Pro, пред истиот да биде изложен во нивниот салон. Заинтересираните купувачи ќе можат да го видат лаптопот наскоро.

Во видеото што следи можете да го видите лаптопот, како тој изгледа, како и нашите први импресии од тоа што можевме да го видиме.

Претходна статијаMoonraker е паметниот часовник на Nokia кој никогаш не пристигна на пазарот
Следна статијаХакери успеале да пробијат Google Pixel за помалку од 60 секунди
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.