Huawei P30 Pro е еден од ретките телефони кои ни беше посебно задоволство да го користиме и тестираме. Телефонот може слободно да се каже дека го покажува нивото до кое стигна Huawei изминатите години и со право тие очекуваа дека ќе го преземат главното место на пазарот со тек на време.

На прв поглед P30 Pro делува некако познато. Тоа значи дека уредот е направен на начин кој се смета за најнапреден во денешно време, а секако оваа класа на уреди не е за претставување и експериментирање со нови технологии, а за тоа е тука Mate X.

Екранот којшто е заоблен од страните, а има многу мали рамки на горната и долната страна, веднаш потсетува за која класа на уреди се работи. Квалитетното чувство кое се добива при држење на телефонот останува и се зголемува при неговото користење.

Она што се покажа како одлична одлука на Huawei пред неколку модели е изборот на светли бои кои се преливаат. Ние веќе не можеме да користиме телефон којшто има само обична црна боја и се чудиме како порано не почнаа производителите да го нудат овој избор во највисоката класа.

Камера

Сепак, повторно, она по кое се одликува еден уред од највисоката класа на Huawei е секако камерата, а овој пат тие се четири. Главната камера има сензор од 40 мегапиксели и со можност за широко аголно сликање и одлична бленда од f/1,6. Ова значи дека телефонот има одлични можност за сликање во темни услови, а тоа не е само поради блендата, па тука е и вештачката интелигенција.

Втората камера доаѓа со сензор од 20 мегапиксели и овозможува „ултра“ широк агол за сликање на сликите. Ова секако не е ништо ново за производител којшто стана главен на пазарот кога е во прашање камерата.

Тоа што го издвојува P30 Pro дури и од другите Huawei уреди е третата камера со сензор од 8 мегапиксели и можност за зумирање на сликата до 5 пати, а тука зборуваме за оптичко зумирање, не софтверско, заедно со кое се овозможува вкупно 10 пати „приближување“ до објектот којшто се слика.

Најдобрите слики секако ќе можете да ги направите со оптичкиот зум, односно ќе можете да ја доближите сликата без да изгубите од квалитетот на истата.

Последната камера, за која не се важни пикселите, е тука да ја процени длабочината на сликата со што се добиваат ефекти како заматување на позадината, но реално, а не само со помош на софтвер.

Уште еднаш да нагласиме дека нема телефон на пазарот којшто може да понуди подобар квалитет на слика која е 5 пати зумирана, односно приближена до објектот којшто се слика. Ние не можевме да забележиме губење на квалитетот на сликата, нешто за кое повеќе пати читавме, но не бевме сигурни дали ќе го постигнеме и самите.

Huawei нема вградено само слична камера од претходните модели, но со поголем зум. Тие користат интересна комбинација која го прави сензорот на P30 Pro уникатен на пазарот. Наместо стандардниот сензор кој може да ги „собере“ трите стандардни бои, црвена, зелена и сина, тие користат сензор кој ги собира црвената, жолта, жолта и сината боја.

Логиката зад оваа комбинација е можноста на жолтата боја, односно сензорот за жолта боја може да собере повеќе светлина, па дури и до два пати во споредба со сензорот за зелена боја. Ова е причината зад одличните слики во темни услови, но и останатите предности кои ги има оваа камера во однос на другите.

Дизајн

Една работа која веднаш ни привлече внимание и ни се допадна е исечокот на екранот. Во P30 Pro Huawei се има решено за само еден мал исечок во средината на екранот, доволно голем колку за камерата. Ние лично не сме големи љубители на стандардните исечоци кои станаа популарни со iPhone X.

Ова му го дава одличниот впечаток на само екран од предната страна, без исечокот кој до некаде го прекинува тоа чувство. Кога на тоа ќе се додаде заобленоста на екранот од страните, Huawei P30 Pro го има изгледот и чувството при држење какво што би очекувале од еден ваков уред од оваа класа.

Боите кои баш Huawei ги популаризира кај нивните телефони изгледаат одлично. Светлата нијанса од две бои кои се прелеваат на задната страна која исто така е обложена со стакло, прави да не добиете чувство дека користите сериозен уред од високата класа кој е тука да покаже колку е скап.

Тежината на уредот се истакнува и остава квалитетен впечаток. Тоа значи дека нема да имате чувство дека користите пластичен уред којшто не знаете дали ќе ви се лизне од рацете. Секако ова е за очекување од компанија како Huawei, а секако од модел како P30 Pro.

Карактеристики

Huawei P30 Pro доаѓа со 6,37 инчен OLED екран со резолуција од 2340 на 1080 пиксели. Мора да се признае дека ова е нешто послабо од конкуренцијата во истата класа, меѓутоа сепак, нема да можете да го забележите. Екранот којшто е изработен во OLED технологија овозможува одлична слика, бои и контраст, па нешто помалиот број на пиксели, може само да овозможи подобро штедење на батеријата.

Кога сме кај батеријата, истата е со огромен капацитет од 4.200 mAh, а доаѓа и со екстра брзо полнење кое прави да не се забележи дека уредот има толку голема батерија. Huawei уредите веќе се познати по доброто траење на батеријата кај нивните уреди, па кога на тоа ќе се додаде и волку голем капацитет, телефонот многу поретко ќе биде приклучен во ѕидот.

За работата на телефонот се грижи 7 нанометарскиот Kirin 980 кој прави да не мислите на процесорот додека го користите. Нема активност на телефонот која не е брза и инстантна. Играњето на игри со овој уред исто така е нешто што слободно и без проблем ќе можете да го правите.

RAM меморијата на уредите достапни кај нас е 6 GB, а може да се избере и простор за податоци од 128 GB.

Со оглед на тоа што за задните камери пишувавме на почетокот од статијата, остана да ја споменеме уште предната камера поставена во малиот исечок. Таа доаѓа со 32 мегапиксели сензор и овозможува стандардно широк агол на сликање.

Она по кое се истакнува P30 Pro е можноста за безжично полнење на други уреди со нивно поставување на задната страна од телефонот. Ова го видовме првпат кај Galaxy S10+, па одлично е што од Huawei исто така го воведуваат.

Ова е одлично за полнење на безжични слушалки или часовник, доколку сте како нас и редовно ги користите овие производи.

Друга работа која доста ни привлече внимание кај P30 Pro е големото подобрување во работата на сензорот за отпечатоци кој се наоѓа под екранот. Тој го отклучува телефонот скоро инстантно, а споредбата ја направивме со претходниот уред од Huawei со ваков сензор којшто го тестиравме, Mate 20 Pro.

ПРЕГЛЕД НА ОЦЕНКАТА
Екран
Перформанси
Камера
Дизајн
Претходна статијаSamsung ќе го претстави Galaxy Note 10 на 7-ми август во Њујорк?
Следна статијаЕфектите на 5G врз здравјето: Колку е сериозна работата? (дел 4)
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.
huawei-p30-pro-recenzijaHuawei P30 Pro е телефон за којшто нема да помислиме ниту 1 секунда пред да се решиме да ви го препорачаме да го купите. Тој не само што изгледа одлично, има и одлични перформанси, а секако тука е и единствената камера на пазарот која ќе го привлече вниманието на поголемиот дел од купувачите.