Скопје, 22 март 2022 година: Wizz Air, најбрзо растечката авиокомпанија во Европа, денеска најавува постепено повторно отворање на 7 линии и воведување на 2 нови линии од Скопје и Охрид до дестинации во 7 земји, почнувајќи од март и мај. Местата за повторно отворените рути се веќе достапни онлајн на wizzair.com и преку мобилната апликација од дури 19,99 евра*.

Македонците повторно ќе можат да летаат од Скопје до Билунд, Бремен, Рим-Чампино, Турку и Векше и од Охрид до Фридрихсхафен и Меминген. Дополнително, Wizz Air ќе започне со работа на 2 нови линии – Охрид-Лондон-Лутон и Скопје-Малта. Овие рути се надополнуваат на постоечките од аеродромите во Северна Македонија до популарните дестинации. Така, македонските патници ќе можат да ги користат овие евтини услуги на Wizz Air до некои од највозбудливите градови во Европа.

За дополнителна сигурност, Wizz Air им препорачува на патниците да додадат WIZZ Flex на нивната резервација, за дополнителна заштита. Со тоа, патниците можат да изберат да патуваат на друг датум или до друга дестинација, како и да имаат можност да го откажат својот лет до 3 часа пред полетувањето без никаков надоместок и да добијат 100% од оригиналната цена на билетот веднаш вратени како кредити на авиокомпанијата.

Zsuzsa Trubek, менаџер за корпоративни комуникации во Wizz Air, изјави: „Со задоволство објавуваме дека повторно ги отвораме дестинациите и дека воведуваме сосема нови рути низ нашата мрежа, меѓу кои се 7-те повторно отворени услуги и другите 2 нови од Северна Македонија. Преку овие рути нудиме погодни дестинации за македонците по ниски цени. Со нетрпение очекуваме да им посакаме добредојде на патниците кои повторно ќе патуваат на   9-те главни дестинации во Европа од Скопје и Охрид, почнувајќи од март и мај.”

РУТАПОЧНУВАЈЌИ ОДЛЕТОВИ ОД
Охрид – ФридрихсхафенМарт 2819.99 EUR
Охрид – МемингенМарт 2824.99 EUR
Охрид – Лондон ЛутонМарт 2127.99 EUR
Скопје – БилундМарт 2819.99 EUR
Скопје – БременМај 2334.99 EUR
Скопје – Рим – ЧампиноМарт 2129.99 EUR
Скопје – МалтаМај 2327.99 EUR
Скопје – ТуркуМарт 2127.99 EUR
Скопје – ВекшеМај 2339.99 EUR
Претходна статијаУтре се одржува шестото издание на Italian Design Day
Следна статијаQualcomm и Trimble ќе овозможат поголема прецизност при одредувањето на локацијата на мобилните