Pickbox NOW носи вистински деликатес за љубителите на кулинарските емисии и интересни филмови во август. Од возбудливи патувања до инспиративни приказни за светот на кулинарството, гледачите ќе можат да уживаат во разновидната содржина која ќе ги инспирира за сопствени авантури.
Освен низата вкусни рецепти, Pickbox NOW подготви и напнати филмски приказни кои ќе ве држат приковани за екранот каде и да се наоѓате.
Летното гастро патување може да започне.
Љубов на прв залак (Love at First Bite)
Симпатичната кулинарска емисија ги претставува врвните готвачи кои со своите најблиски подготвуваат симпатични јадења во своите домови. Оваа серија е совршен спој на романтика и забава, носејќи инспирација и корисни кулинарски трикови, како и низа занимливости за намирниците и техниките на готвење. Гледачите ќе уживаат во различните рецепти и идеи кои можат да ги применат во сопствените домови.
Џејмс Мартин: Од островите до горите (James Martin’s Islands to Highlands)
Саканиот готвач Џејмс Мартин патува по Обединетото Кралство во потрага по најдобри приказни за храна и врвни локални производители. На планините, морските брегови и живописните плажи, Џејмс подготвува сосема нови рецепти, откривајќи го богатството и разновидноста на британската кулинарска традиција. Овој наслов носи вкусни јадења и фасцинантни приказни кои стојат зад нив, а секоја епизода нуди единствен увид во убавината на британската кујна и природа.
Овој кулинарски серијал има сè – топлина, удобност, снегулки, камин и вкусна храна. Снимен во луксузна колиба во зимската шума близу до Отава, готвачот Спенсер Вотс подготвува јадења кои ја греат душата и го враќаат чувството на носталгија и домот. Оваа емисија нуди совршено бегство во светот на кулинарската удобност и топлина, каде што секој залак буди спомени и носи задоволство.
Француска авантура на Џејмс Мартин (James Martin’s French Adventure)
Оваа мини серија го следи готвачот Џејмс Мартин, кој тргнува на патување со „олд тајмер“ за најде стари кулинарски места во срцето на Франција. Оваа серија нуди единствен увид во богатата француска кулинарска историска традиција, истражувајќи ги локалните специјалите и скриените скапоцени камења. Авантурите на Џејмс ги откриваат не само неверојатните вкусови, туку и приказните кои стојат зад секое јадење.
Освен кулинарските емисии, Pickbox NOW во август носи и низа нови филмови како што се Како таа го фати убиецот (How She Caught a Killer), Опколување (Around Robin), Кандидати за неволји (Grassroots) и многу други.
Секој од овие наслови ќе ги збогати вашите летни вечери со напнати приказни и незаборавни ликови.