Шведскиот производител на автомобили Volvo е пред сѐ познат по безбедноста и поради тоа, тие забрзано работат на технологии за автономно возење во своите автомобили. Прв клиент на Volvo, кој ќе користи ваква технологија ќе биде Uber, кои ќе набават дури 24.000 возила со вградена технологија за автономно возење, што значи дека во не многу далечна иднина, кога ќе повикате Uber автомобил може да очекувате да дојде еден без возач.

Набавката е инаку прилично голема – ако се земе предвид дека во САД XC90 чини околу 50.000 долари, тоа значи дека Uber ќе плати вкупно 1,2 милијарди долари за набавката. Сепак, технологијата за автономно возење ќе биде на Uber, а не на Volvo, од едноставна причина што нивната технологија е веројатно малку поназад со развојот, а и не е развиена да работи со сервисот на Uber.

Со оваа набавка Uber дефинитивно најавува дека е сериозен за иднината на автономните возила и дека покрај тоа што нивните возила ќе се користат како такси, ваквиот развој на настаните би можел да ја претвори Uber воопшто во компанија за мобилност. Замислете дека нивните автономни возила би можеле да се користат и за пренесување на пратки, за подолго изнајмување од страна на клиенти, “ride sharing” итн.

Благодарение на сето ова, Uber ја покачи својата вредност на 60 милијарди долари, иако во моментов прават само 40 милијарди преку својот такси бизнис. Инвеститорите дефинитивно се убедени дека автономната иднина, односно возила кои ќе можат да возат буквално 24/7, можат да донесат многу поголем обрт и поголеми профити.

Извор: Technology Review, BGR, TechCrunch

Претходна статијаAndroid ја следи вашата локација дури и ако целосно исклучите GPS и немате SIM во телефонот
Следна статијаiMac Pro има Apple A10 Fusion чип преку кој се контролира “Hey Siri” командата