Трамп
Фото: NY Mag

Администрацијата на претседателот Трамп задолжена за националната безбедност размислува да покрене сопствена 5G мрежа. Според информациите, во наредните 3 години би требала да стапи во функција централизирана мрежа која ќе овозможи безбеден канал за трансфер на информации. Овој канал хипотетички би го користеле автономните возила, AI технологијата и други технологии кои ќе стапат на сцена во иднина.

Одговорните се’ уште се двоумат дали државата треба да го реализира проектот или истиот треба да им биде препуштен на телекомуникациските компании. Ваквиот чекор е пандан на Националниот автопатска мрежа градена по наредба на легендарниот американски претседател Двајт Д. Ајзенхауер. Мрежата од патишта градена како клучен елемент во поврзувањето на големите пространства на државата како примарен услов за одржување на кохезијата и безбедноста. Она што администрацијата на Трамп го предлага е модерна верзија од истото. Практично, приватна интернет конекција во сопственост на државата која ќе биде имуна на евентуални кибер напади.

Според информациите кои ги поседува „Ројтерс“ предлогот е се’ уште се наоѓа во пониските административни кругови. Па така, на увид кај претседателот Трамп би се нашол дури за период од 6 до 8 месеци. Што се однесува до технологијата, проекциите велат дека мрежи со бризина од 5G ќе се појават веќе годинава. Целата територија на САД би била покриена со интернет со ваков квалитет веќе во 2020.

Извори: Engadget, Reuters

Претходна статијаКритична маса #69: И маалските улици се за точаци
Следна статијаЏек Ма од Alibaba скептичен во врска со AI технологијата