team

Зборувавме за идеи, стартапи, како тие се основаат, но не обрнавме внимание на тимот. Големите компании не се изградени од просечни тимови. Токму затоа e потребно добро да се дефинира што е она што е потребно за успешна тимска работа.

Најпрвин, потребно е да има многу голема волја, сила и знаење од страна на основачите. Еден основач не е препорачлив, двајца или повеќе се супер, бидејќи повеќе лица се справуваат со обврските на овој начин. Ова се можеби најважните карактеристики кои ги гледаат инвеститорите пред да вложат финансии во дадената идеја.

Оттука, се поставува прашањето – што е она што им овозможува предност на основачите?

Тука се вбројуваат карактеристики како “воинственост”, одлучност, компетитивност, снаодливост и желбата да се успее. Забележано е дека најуспешните основачи се луѓе со  низок стрес при работата, бидејќи уживаат во тоа што го работат.

giphy

Добрите основачи се свесни дека мора да играат различни улоги. Исто како камелеони. Тоа е неопходно за нормално функционирање на проектот, за да може секој да разбере што е тоа што треба да го сработи и како да го направи тоа на најдобар можен начин. Цврстината и флексибилноста се важни за добро функционирање. Најдобри основачи се оние кои дообро се познаваат и имаат комплементарни вештини. Тука студентите се обично во предност, бидејќи вакви цврсти релации се стекнуваат уште за време на факултет.

giphy-1

Покрај карактеристиките на учесниците, важни се и некои други фактори.

  • Важна е локацијата која се бира за работа. Сите  основачи е пожелно да бидат во непосредна близина со канцеларијата каде ќе се работи.
  • Важна е платформата на која ќе се работи. Приспособувањето и скалабилноста можат да бидат проблематични доколку не се избере соодветната платформа.
  • Бавност во стартување на проектот– без оглед колку се добри основачите или колку време  е посветено во истражување, доколку не се “лансира” продуктот според планираното време и буџет, може да има катастрофални последици.

Едноставно и комплицирано, истовремено.

Сепак, предизвикот е мотивирачки, кај секого поодделно и кај сите заедно во тимот.

“Сите за еден и еден за сите!”

Претходна статијаИзборен компас – онлајн алатка за ориентирање на гласачите
Следна статијаThe Machine е компјутер на HP кој користи рам меморија како медиум за складирање податоци