Веста дека сега имате можност да се стекнете со британска државна диплома од престижниот лондонски универзитет London Metropolitan University наиде на огромен интерес во јавноста. Дали можеби сте знаеле, дека токму од студентските клупи на Лондон Мет се произлезени едни од најголемите умови во Британија? Зошто тоа да не бидеш и ТИ кај нас?

Почувствувајте го Лондон во Скопје. Студирајте на Лондон МЕТ. Уписите се веќе започнати, а секој од вас треба да ја искористи оваа прва и единствена можност за британска државна диплома.

Бидете дел од првата генерација македонски студенти на Лондон МЕТ, каде преку врвен образовен процес, скроен по британски терк, ќе се стекнете со врвно знаење и експертиза учејќи под менторство на реномирани светски професори. Бидете дел од успешната приказна на многу студенти ширум светот.

London MET е реномирана високообразовна институција со седиште во Лондон. Традицијата, квалитетот на студиите, како и извонредноста на наставата го прават светски реномиран универзитет и избор на секој иден студент ширум светот. Студиските програми вклучуваат активности кои ја стимулираат интелектуалната љубопитност, имагинацијата и рационалното размислување, а главен акцент се става на стекнување на практични вештини. Дипломата стекната на Лондон MET е високовреднувана и препознаена ширум светот. За тоа сведочат и огромниот број студенти, кои по завршувањето на студиите станале дел од реномирани светски компании.

Побрзајте и бидете меѓу првите студенти кои ќе се стекнат со британска диплома. За повеќе информации околу начинот и условите за студирање посетете ја веб страницата www.skopjemetropolitan.edu.mk,  следете ја нивната Facebook страна, или јавете се на телефон 02 3140 004.

Претходна статијаСамо уште 10 дена за пријавување на специјализирани обуки за визуелни ефекти, анимација и моделирање со поддршка на УСАИД
Следна статијаЗа 1917