„Копањето биткоини“, односно користењето на големи компјутерски системи со графички картички за решавање комплексни криптографски проблеми, со кои се креираат биткоини, почна да претставува проблем за потрошувачката на електрична енергија, бидејќи се поголем и поголем број на корисници се одлучуваат на „правење пари“ со оваа алатка.

Според истражување на Powercompare.co.uk, минатата година, во електрична енергија се потрошени 29.05 TWh (терават часови) за копање биткоини, што е повисока потрошувачка од таа на 159 помали и посиромашни земји, меѓу кои и нашата. Всушност, годишната потрошувачка за копање биткоини, според истражувањето, е поголема од таа на Ирска, што секако не е за потценување. Ова би можело да има голем удар на околината, бидејќи и натаму преголем дел од струјата ја добиваме од атомски или централи на јаглен.

Проблемот со копање биткоини, во поглед на потрошувачката на енергија, станува се поголем бидејќи криптографските проблеми со кои се заработуваат стануваат се потешки и процесот на копање бара поголема енергија, подолго време и помоќни графички картички, кои трошат повеќе енергија. Всушност, овој проблем би можел и да се влоши во наредните неколку години токму поради тоа.

Очекувано, најголемиот дел од „копање на биткоини“ се прави во Кина и тоа дури 80%, каде цената на електричната енергија е многу пониска од таа во западните земји. За волја на вистината и многу Македонци се одлучија на ваков потег – и кај нас цената на струјата е прилично ниска за возвратните пари кои се добиваат при трансакциите.

Извор: Business Insider, Inquirer, SlashGear

Претходна статијаМакедонски студенти во Топ100 од цел свет и Топ10 во Европа на натпревар по програмирање – IEEEXtreme 11.0
Следна статијаMotorola „ја продолжува“ рекламата од Samsung во која го исмева iPhone