SpinLaunch
TechCrunch

Старт ап компанијата SpinLaunch нуди алтернативно решение за лансирање на објекти во вселената. Наместо традиционалното лансирање со помош на ракета, тие нудат вселенски катапулт. Компанијата основана во 2014-та година, во меѓувреме продадена на Google, сега прибира неверојатни 30 милини за да го реализира својот план.

Главната цел со која компанијата се занимава е изнаоѓање алтернативен начин за лансирање на објекти во вселената. Традиционалниот начин со помош на користење на хемиска реакција како погонско средство е скап и неодржлив. Па затоа, тие сакаат да пронајдат начин објектите да бидат лансирани на „примитивниот“ начин на катапултирање.

Тие би користеле центрифугална сила. Во моментот кога истата би се акумулирала на посакувано ниво би била насочена кон лансирање на објект контра површината на земјата. Според некои проценки почетната брзина на лансираниот објект при напуштање на лансирната рампа би била до 5.000км/ч.

Што се однесува до компанијата зад проектот таа е вистинска енигма. Познато е дека е формирана од страна на Џонатан Јанеј, а до неодамна буквално ништо не можеше да се најде од информации поврзани со нивната работа. Медиумска прашина се крена откако компанијата му предложи на Сенатот на сојузната држава Хаваи да ја поддржи нивната иницијатива со 25 милиони американски долари во обврзници. Претходно компанијата на различни начини има собрано буџет од 10 милиони, кој очигледно не е доволен за реализација на вака крупен проект. Претпоставките се дека конечната бројка за успешна реализација се движи околу 40 милиони.

Науката претходно има тестирано слични методи за лансирање. Меѓутоа ниту еден не се покажал како доволно економски ефикасен за да стане пракса. Во меѓувреме, Јанеј убедува дека со неговата метода лансирањето ќе чини „само“ 500 000. Тоа е далеку од цената на чинење на лансирањето со традиционалните хемиски горива која се движи над 5 милиони. Сепак, ќе мора да причекаме за да видиме дали SpinLaunch воопшто ќе ги добие средствата. За на крајот да видиме дали овој „примитивен“ начин има надеж да функционира.

ИЗВОР 2TechCrunch
Претходна статијаРСБСП: Корисни совети за безбеден сообраќај во зима
Следна статијаЛегендарната „Банана“ на Nokia се враќа на пазарот