Ниско-буџетните авиокомпании нема потреба да истакне колку се популарни изминатите години. Тие им овозможуваат на поголем број на патници да патуваат, поради многу пониските цени од стандардните компании. Да, поради пониските цени, се добиваат помал број на услуги, а и удобноста во авионите не е баш на исто ниво, но сепак за кратки летови, вреди заштедата на пари.

Компанијата Avio Interiors сака да овозможи уште поевтини летови преку нивното ново седиште за авионите, Skyrider 2.0.

Името на ова седиште е намерно направено да асоцира на позицијата во која овозможува да седат патниците. Тие на ова седиште би биле во нешто слично на јавачка позиција, односно нема да бидат целосно, класично седнати.

Skyriden 2.0 е поиздолжено седиште на кое патници ќе бидат скоро станати, односно ќе седат во скоро целосно исправена положба. Тоа ќе овозможи да на истиот простор во авионите се постават повеќе седишта, со што ќе може да се намали и нивната цена.

Од Avio Interiors истакнуваат дека со користење на Skyrider 2.0 во авионите ќе може да собере и до 20% повеќе седишта за разлика од користењето на сегашните класични седишта.

Исто така, ова седиште е 50% полесно од стандардните и има помалку материјал, со што се овозможува дополнителна заштеда по патник.

Интересно е да се види дали некоја авиокомпанија ќе се одлучи да вгради вакви седишта во нивните авиони, а доколку тоа се случи, сигурно ќе има и патници кои би се возеле на нив.

За кратки летови можам да замислам дека удобноста на би била голем проблем, сепак и сегашните седишта се толку стиснати едни до други, не е дека во нив имаме некоја посебно голема удобност. Меѓутоа, не би можел да замислам некој да се вози 10 часа и повеќе во вакво седиште, но можеби за правата цена на авиобилетот, ќе се најдат и такви патници.

ИЗВОР 2Fast Company
Претходна статијаPickbox: Од другата страна на екранот…
Следна статијаWindows 10 конечно ќе добие надграден и подобар „Clipboard“ систем
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.