Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата испраќа апел за внимателно и одговорно учество во сообраќајот за време на празникот на виното и љубовта.

Празниците се одличен момент за споделување на радост и спомени со блиските и саканите. Но, за тие да бидат полни со љубов, потребно е совесно и одговорно учество во сообраќајот.

Затоа, РСБСП советува:

  • Доколку пиете алкохол – НЕ управувајте со моторно возило, користете јавен превоз.
  • Возете со внимание и грижете се за безбедноста на сите учесници во сообраќајот
  • Почитувајте ги сообраќајните правила и прописи.

РСБСП испраќа порака:

Почитувајте го животот – животот е еден.

Ако го прославувате Св. Валентин – опијте се од љубов, а ако наздравувате за Св. Трифун – покажете одговорност.

Честит празник на љубовта и виното, возете одговорно.

Претходна статијаApple и Alibaba склучија партнерство за ВИ во Кина
Следна статијаТим Кук најави претставување на нов производ за следната недела