Проверката на подготвеноста на возилото за зимски услови на патиштата е неопходна и многу значајна затоа што може значително да придонесе за намалување на несакани последици и зголемување на личната и безбедноста на другите учесници во сообраќајот.

Зимската проверка на возилото опфаќа:

  • проверка на антифризот – проверката на течноста што се користи во системот за ладење на вашиот автомобил може да спречи многу проблеми особено во зимски услови, затоа почесто проверувајте го нејзиното ниво. 
  • проверка на бришачите и течноста за бришачите на ветробранското стакло – ветробранското стакло во зимски услови на патот често е замрзнато или извалкано со кал, дожд или снег, па затоа важно е да се направи проверка на исправноста на бришачите и течноста за бришачите со цел ветробранското стакло секогаш да е чисто.
  • проверка на акумулаторот – во зимски услови чести се случаите на празнење на акумулаторите, затоа проверете ги каблите и течноста на акумулаторот на вашето возило, а по потреба заменете го акумулаторот со нов.
  • проверка на пневматиците – заменете ги летните пневматици со зимски и направете проверка на притисокот на пневматиците, зимските пневматици подобро прилегнуваат на влажни, замрзнати и лизгави коловози.
  • обезбедување на течност или спреј за одмрзнување на стакло, брави итн. – стаклата на вашиот автомобил треба да се секогаш чисти и одмрзнати (особено ветробранското стакло), а бравите и вратите да се отвораат без проблеми.
  • проверка на горивото – заради можните чести запирања или возење во погуст сообраќај, важно е секогаш да имате и доволно гориво во возилото затоа што горивото побрзо се троши при вакви ситуации.

Доколку не сте во можност сами да ги направите проверките, посетете сервис за автомобили.

РСБСП апелира: Внимавајте на зимските услови на коловозите! Бидете одговорни и подгответе се за безбедно возење во зима.

Претходна статијаMicrosoft ја пушти нивната нова апликација за соработка на тимови, Loop, за сите корисници
Следна статијаДо крајот на неделата започнува бришењето на неактивните Google сметки