viv-1

Даг Китлаус и Адам Чејер се едни од основачите на компанијата којашто го започна развојот на познатата Siri, сега во сопственост на Apple. Тие, како и уште одреден дел од програмерите го напуштаат Apple и продолжуваат со работа на проект којшто бил започнат уште пред Siri.

Се работи за исто така персонален асистент кој е наречен Viv, а голем дел од функциите биле дел од првата верзија на Siri, којашто сега е многу поедноставена, истакнуваат нејзините основачи.

Viv треба да биде претставен идната недела, поточно во понеделник на посебен настан. Овој асистент треба да овозможува многу повеќе можности во споредба со Siri, но и другите асистенти.

Како пример за тоа како е замислено да работи Viv, ексклузивно за The Washington Post демонстрираат програмерите. Тие успешно нарачуваат пица од локална, односно најблиската пицерија, додатоци и слично, без инсталирање на посебни апликации или пишување на еден збор.

Начинот на којшто работи Viv подразбира интеграција со други сервиси, поради што и се трга потреба од посебно инсталирање на дополнителни апликации.

Дали навистина Viv ќе биде подобар асистент од другите ќе биде интересно да видиме. Она што е интересно е што може да очекуваме се поголем развој на вакви асистенти, посебно со се’ поголемиот напредок на вештачката интелигенција.

Корисниците може да се очекува дека се почесто со своите електронски уреди ќе комуницираат исто како со луѓето, наместо да задаваат команди преку притискање на екран.

Ваквиот начин на интеракција веќе одамна е познат во научно фантастичните серии како Star Trek на пример.

Извор: 9to5Mac, The Washington Post

Претходна статијаXerox е именувана за една од најетичките светски компании десетта година по ред
Следна статијаВеројатно не сме (биле) сами во Универзумот
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.