Македонски Телеком започнува Новогодишна промоција за поголемо уживање и непречено споделување на празничните моменти со најблиските. Сите нови Magenta 1 М и Mobile М корисници, како и постојните корисници коишто ќе склучат договор за лојалност на овие тарифни модели, добиваат  100GB промотивен мобилен интернет во период од 24 месеци, со активна е-сметка.

Дополнително во рамките на оваа промоција се воведува и промотивен Фамилијарен буџет во износ од 9.000 денари по линија за Magenta 1/Mobile M и 12.000 денари по линија за Magenta 1/Mobile Unlimited.

За уште поголемо уживање во најдобрата телевизија MaxTV, корисниците ќе може да активираат промотивен ТВ пакет HBO преку Telekom MK апликацијата и да уживаат во возбудливите филмски содржини без дополнителен надомест до 23.01.2023.

Со празничната понуда, деловните корисници во Business, Magenta 1 Business Professional и Standard добиваат: 100 GB односно 60 GB мобилен интернет и зголемен буџет од 16 000 МКД или 9 000 МКД во зависност од тарифниот модел, како и изедначени цени во Magenta 1 Business со cloud и без cloud. Бизнис корисниците на MaxTV исто така ќе можат да го активираат промотивниот ТВ пакет HBO преку менито на MaxTV услугата и да ги следат HBO програмите без дополнителен надомест до 23 јануари 2023.

Овие празници останете поврзани со најблиските и искористете ги поволностите на новата понуда. За празничната понуда којашто важи ограничен период, повеќе информации можат да се добијат на www.telekom.mk.

Претходна статијаHUAWEI nova 10 SE дебитира на македонскиот пазар со иновативен дизајн и камера од 108 MP
Следна статијаГлавни пораки од второто издание на Социо-еколошкиот форум Скопје
0 0 votes
Article Rating
Subscribe
Notify of
guest

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

0 Comments
Inline Feedbacks
View all comments