hands-1167618_640

Хронолошки следејќи ги сите фактори кои влијаат врз интернет популарноста се доаѓа до една симптоматична крива. Низ сиве овие години, улогата на корисникот, особено начинот на кој тој отстварува интеракција со материјалот, добива на важност. Набљудувајќи многу вертикали, од онлајн трговија, па се до споделување на обични информации, однесувањето на корисникот најчесто го определува успехот на се што се наоѓа на нетот.

Она што е интересно да се воочи е постепениот развој на овој систем, кој со исклучок на ретки публикации, е скоро незабележителен. Неприметно останува можеби едно од најголемите достигнувања во процесот на гласање, и можноста поединецот да влијае врз судбината на огромни брендови и корпорации.

Да започнеме со гигантот во онлајн пребарувањето…

Google- улога на корисникот

Гугл овозможува гласот на поединецот да стигне до милиони луѓе и направи вистинска промена. Овозможува тој глас да е пресуден за популарноста, па дури и профитот на огромни компании. Па така, блогери кои пишуваат рецензии можат да одлучат за судбината на одреден продукт. Но сето ова се должи на алгоритмот кој лежи во срцето на пребарувачот.

Алгоритам кој наградува квалитет, базирајќи ја популарноста врз еден посебен демократски процес на гласање.

Имено, одредена веб страна се појавува високо при пребарување на низа зборови и фрази доколку кон неа водат линкови од други страни кои се релевантни и авторитетни. И додека постојат преку 200 фактори за рангирање високо на Гугл, ова е можеби еден од најважните.

Убавината во сево ова е што системот функционира како отсликување на реалниот живот- ако нечиј став е подржан од повеќе популарни и влијателни личности, тој и самиот добива на популарност, овозможувајќи да се покрене лавина на одобрување која не престанува. Вака, квалитетот лесно испливува на површина.

Но, она што е особено важно е растечката улога на однесувањето на корисниците. Имено, одреден материјал ја губи можноста за рангирање доколку корисниците не отстваруваат интеракција.

-Поретко кликање на страната во резултатите

-Напуштање на страната веднаш откако ќе се посети

-Преземање или непревземање некаква акција (споделување, оставање коментар, меил адреса…) итн.

Според SEO индустријата, сиве овие индикатори на користење добиваат на важност во изминатата година. Па така, линковите, иако сеуште најважни во процесот на рангирање, отстапуваат место на органски сигнали како што е однесувањето на корисникот. Ова значи дека одреден материјал, без разлика на финансиската подршка и логистика зад него, опаѓа значително доколку корисниците „изгласаат“ дека тој не им се допаѓа. Па така, ова овозможува шанса за борба дури и на најмалите бизниси и поединци.

Одличен пример за ова е можеби интернет сензицијата Wait But Why. Оваа страна, управувана од двајца страствени хобисти, благодарејќи на демократскиот процес на „гласање“, успеа лесно да ги надмине познатите научни публикации за тематики кои спаѓаат во нивниот домен.

Amazon и YouTube

Овој демократски процес е одамна подобрен кај најголемиот видео сајт и најголемиот сајт за онлајн трговија.

Имено, на Амазон рангирањето зависи од бројот на оценувања и рецензии од страна на корисниците. Исто така, во предвид се зема и временската рамка па се мери популарноста во период од 48 часа, менувајќи ги рангирањата во релано време.

Добри рецензии и чести пребарувања можат да одведат одреден продукт до врвот на неговата категорија и почесто да го предложуваат во комбинација со други продукти. На овој начин одредена книга на пример, може да постигне милиони продажби во рок од само една недела.

Истото важи и за YouTube. Однесувањето на корисниците може да допринесе за вирално ширење на одредено видео. По анализа на најважните фактори за рангирање гледате дека станува збор за многу демократски процес на „гласање“.

-Like vs.dislike сооднос

-Број на луѓе кои го вклучуваат видеото во нивните омилени (favorite)

-Задржување внимание на видеото (гледање до самиот крај наспроти само неколку секунди)

-Оставање коментар

-Оставање на видео коментар (силен сигнал)

-Број на споделувања на видеото на веб страни итн.

Овој процес на гласање, исто како и кај Амазон и Гугл, се базира врз различно вреднување на одредени фактори, но функционира во реално време. Овде, како и кај Amazon, се одлучува за рангирањата врз база на овие фактори во рамка од само 48 часа. Ова овозможува нов материјал брзо да стигне до популарност- нешто кое Гугл сеуште го нема соодветно поставено.

Анализирајќи ги овие процеси, доаѓаме до заклучок дека на поединецот му е овозможено да започне движење, да покрене свесност и да го монетизира својот труд многу лесно, и базирано единствено по заслуга. Сега секој може да се крене во популарност, или пак да учествува во одлучување за популарноста на другите.

Очигледно, станува збор за огромна моќ која му е дадена на корисникот кој пак е ставен во центарот на моторот кој го движи интернетот во позадина.

Статијата е напишана од Славко Дешиќ.

Претходна статијаДостапна новата генерација на Dell Optiplex бизнис десктоп компјутерите
Следна статијаСмартпортал неделник 1 – 7 февруари 2016