Во врска со одлуката на Регулаторна комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија (РКЕ), донесена на 22 октомври 2020 година, за определување на ескалираната густина и деескалираната густина на секој нафтен дериват и гориво за транспорт, висината на надоместокот за премија, транспортините трошоци до склад во Република Северна Македонија, висината на надоместокот за трошоци за работење преку склад и трговска маржа со вклучени транспортни трошоци од склад до бензински станици и крајни потрошувачи, како компанија сакаме да го искажеме нашето несогласување, со истата.  

Со оваа одлука РКЕ повторно ја потврди својата нестручност и селективна примена на Законот за енергетика, а дополнително во образложение на предметната одлука наведува невистинити информации.

Поради нестручноста и селективноста на членовите на РКЕ, Макпетрол АД како и многу пати до сега, повторно бара либерализација на пазарот односно, слободен пазар при формирање на цените на нафтените деривати. Впрочем, исто како што е либерализиран пазарот и во земјите членки на Европската Унија, со кои РКЕ ги прави споредбите.

Ваквото однесување на членовите на РКЕ создава само штети и несигурност на пазарот, бидејќи  нафтените компании преку овие несовесни политики се спречени да инвестираат во својот развој, како и во развојот на своите вработени.

Претходна статијаНовиот HUAWEI MATE40 PRO е најеко смартфон на HUAWEI
Следна статијаДали Samsung планира да почне да не вклучува полнач во кутијата кај телефоните од идната година?