Целта на овој настан на глобално ниво е да се стави акцент на придобивките од вселенските истражувања спроведени во текот на изминатата година за решавање на предизвици на планетета земја и во вселената.

“Секоја година од 4 до 10 октомври луѓето од целиот свет се собираат за да ги прослават достигнувањата во истражување на вселената, и да ги едуцираат и инспирираат младите”, велат локалните координатори на Светската недела на вселената во Македонија, Марина Таневска и Дора Локвенец.

Во оваа иницијатива изминатата 2017 година, се вброија 3.700 настани во 80 земји, меѓу кои и Македонија, а оваа година се очекува бројот на настани да е уште поголем.

Овогодинешните активности на Неделата на вселената во Македонија вклучуваат неколку предавања и работилници за деца од различни возрасти и посета на мегалитската опсерваторија Кокино. Во текот на наредните 7 дена, на официјалната фејсбук страница ќе можете и да научите интересни факти за вселената, како дел од серијалот на објави #ДалиСтеЗнаелеДека.

Ги повикуваме сите вљубеници во вселената и небесните тела да се вклучат во иницијативата и да ги посетат настаните кои се подготвени оваа година за заедно, уште еднаш, ја одбележиме оваа Светска недела на вселената.

Претходна статијаРекорден број на учесници ќе трчаат во недела на Skopje Run 10K
Следна статијаLG го претстави V40 ThinQ смартфонот со 5 камери