Лабораториските студии покажуваат дека пастите за заби кои содржат цинк и течностите за уста кои содржат цетилпиридиниум хлорид (CPD) го неутрализираат вирусот кој предизвикува COVID-19 за 99,9 проценти. Студиите се дел од програмата за истражување на Colgate кој вклучува клинички студии помеѓу заразени лица за проценка на ефикасноста на производите за орална нега во намалување на количината на вирусот во устата, потенцијално успорувајќи ја трансмисијата на вирусот COVID-19.

Во лабораториските испитувања — првите вклучени пасти за заби — Colgate Total и Meridol пастите за заби неутрализираат 99,9% од вирусот после две минути од контактот. Colgate Plax, Colgate Total и Colgate Zero течностите за уста се исто така ефективни после 30 секунди. Студиите, завршени во Октомври, беа спроведени во партнерство со Институтот за Истражување на Јавно Здравје на Универзитетот Рутгерс и Регионалните Лаборатории за Биосигурност.

Резултатите укажуваат на тоа дека некои од пастите за заби и течностите за уста може да помогнат во намалување на ширењето на SARS-CoV-2, вирусот кој го предизвикува COVID-19, со привремено намалување на количината на вирусот во устата. Вирусот се шири преку респираторните капки или ситните честички кои се продуцираат кога заразеното лице кашла, кива, пее, зборува или диши, според Американскиот Центар за Контрола и Превенција на Болести.

Додека четкањето и плакнењето не се третман или начин за целосна заштита на лицето од инфекција, тие можат да помогнат да се намали преносот и да се забави ширењето на вирусот, надополнувајќи ја придобивката што ја добиваме преку носење маски, социјално дистанцирање и често миење на рацете.” изјави Dr. Maria Ryan, главен клинички директор на Colgate. ”Ние сме во раната фаза на нашите клинички истражувања, но нашите прелиминарни лабораториски и клинички резултати се многу ветувачки.”

Dr. David Alland, Главен за Заразни Болести и Директор нa Центарот за COVID-19 и Подготвеност за Пандемија, кој ја водеше студијата Rutgers заедно со колегите Drs. Pradeep Kumar и Riccardo Russo: ”Иако се’ уште не го знаеме придонесот на вирусот SARS CoV2 кој потекнува од устата во преносот на COVID-19, плунката сигурно може да содржи количина од вирусот кој може да се спореди со оној кој се наоѓа во носот и грлото. Ова укажува на тоа дека со намалувањето на количината на вирусот во устата може да помогне во превенција на ширењето за време кога состојките на производите за орална хигиена се активни.”

Истовремено со лабораториската студија, спроведена е клиничка студија спонзорирана од Colgate вклучувајќи околу 50 хоспитализирани лица со COVID-19 во Институтот Алберт Ајнштајн во Сао Паоло, Бразил. Оваа студија ја прикажа способноста на одредени Colgate течности за уста значително да ја намалат количината на вирусот во устата привремено. Истражувачите планираат да ги споделат своите откритија на почетокот од Декемрви. Дополнителни клинички истражувања за пасти за заби и течности за уста, поддржани од Colgate се во рана фаза на истражување на Rutgers, Институтот на Ajнштајн, и Стоматолошкиот Факултет на Универзитетот на Северна Каролина Адамс, со околу 260 лица со COVID-19 кои учествуваа во овие студии.

Colgate соработува со повеќе истражувачи низ целиот свет за да спроведе клиничко истражување со цел да го истражи потенцијалот на производите за орална нега во намалување на вирусот во устата како стратегија во намалување на ризикот.” Dr.Ryan изјави. ”Ние сметаме дека грижата за оралната хигиена има улога во борбата со глобалната пандемија, заедно со другите превентивни мерки.”

Како #1 доверлив експерт за стоматологијата во светот, Colgate е посветен на водење во науката и осигурувајќи дека нејзините производи ќе ги решат здравствените предизвици и ќе ги задоволат потребите на купувачите. За повеќе информации за ефектите на оралната хигиена на целокупното здравје и дополнителни истражувања за маски и други теми, посетете ја www.colgate.com.

За Colgate-Palmolive:

Компанијата Colgate-Palmolive e грижлива, иновативна растечка компанија што ја замислува поздравата иднина за сите луѓе, миленици и нашата планета. Фокусирани на оралната нега, личната нега и храна на домашни миленици во повеќе од 200 земји и територии, тимовите на Colgate развиваат и продаваат производи за здраје и хигиена, и нудат храна за домашни миленици од суштинско значење за брендовите како Colgate, Palmolive, elmex, meridol, Tom’s od Maine, hello, Sorriso, Speed Stick, Softsoap, Irish Spring, Protex, Sanex, Filorga, eltaMD, PCA skin, Ajax, Axion, Fabuloso, Soupline and Suavitel, како и Hill’s Science Diet и Hill’s Prescription Diet. Colgate сака да обезбеди одржлив, профитабилен раст и супериорно враќање на стеикхолдерите и да им обезбеди на луѓето од Colgate иновативно и инклузивно работно опкружување. Colgate го прави ова со развивање и продавање на производи на глобално ниво кои го прават животот на луѓето поздрав и попријатен, прифаќајќи ги нејзините стратегии за одржливост, разновидност, еднаквост, вклученост и социјална одговорност.

Претходна статијаКризата со Ковид-19 го зголеми интернет сообраќајот во Европа и покажа колку се важни фиксните и безжичните мрежи
Следна статијаHi-Fi слушалките Huawei FreeBuds Studio достапни и на македонскиот пазар