На овој курс нашите учесници ќе се запознаат со методите на цртање со набљудување и анализирање на она што го гледаме. Тоа ќе им помогне да се осамостојат за понатамошна самостојна работа и висока точност при цртање на кој било мотив.

На курсот на штафелај ќе цртаме и сликаме мртва природа, портрет, фигура, пејзаж и слободна композиција. Ќе се занимаваме со основите на уметничките законитости: композиција, пропорција и перспектива притоа постигнувајќи најточна сличност во цртежот и бојата. Во уметничко опкружување ќе имате можност да ги искусите техниките на цртеж со молив и јаглен, акварел, сув пастел и акрил. Курсот се состои од 8 ликовни средби.

Курсот се одвива по водство на Лара Ташковска, академска ументица и валорфски педагог. Секој понеделник од 18:00 до 20:00 ч. во период од 01.04.- 27.05.2024

Адреса: Бул. Илинденска 79/10, Скопје.
Место во групата можете да обезбедите со пријавување на: lara.taskovska@gmail.com или 076 530 080 

Претходна статијаМинистерството за Правда на САД поднесе тужба против Apple за „монополизирање на пазарите на смартфони“
Следна статијаМарк Гурман: Министерството за Правда ризикува да ја избере погрешната борба со Apple