Скопје, 28 февруари 2024 – Претстојниот викенд ни го носи најзначајниот настан во регионот, 31. Копаоник бизнис форум, кој ќе се одржи од 3 до 6 март во хотелот Гранд Копаоник.

Централна тема на Форумот ќе биде „Новиот глобален контекст: предизвиците на неизвесната иднина“, како и претходните години, Форумот ќе го отвори Јоргованка Табаковиќ, додека во име на главниот партнер на форумот, компанијата Mastercard, ќе се обрати Марк Барнет, претседател на Mastercard Европа. На крајот на Форумот на учесниците традиционално ќе им се обрати Ана Брнабиќ, премиерката на Србија.

„Интересот за КБФ 2024 е неверојатен, па така за време на овие четирите дена на Форумот ќе се соберат повеќе од 1500 учесници. Подготвена е интересна, интензивна агенда со интересни и влијателни панелисти и специјални гости. Преку три пленарни сесии, четири специјални настани, 36 панели со приближно, 200 панелисти, сите учесниците на Форумот ќе го најдат она што ги интересира најмногу. Оваа година ќе бидеме домаќини на бројни гости од регионот, што е уште еден доказ дека Форумот ги надмина националните рамки и стана настан од регионално значење. Копаоник бизнис форум е место на средби, деловно поврзување и дијалог, настан кој обезбедува широка платформа за интерактивна размена на мислења, аргументирана дискусија на сите учесници, со цел конципирање одржливи и применливи решенија на економската политика на Србија и регионот“, истакна Александар Влаховиќ, претседател на Сојузот на економисти на Србија.

Со потпишувањето на новиот тригодишен договор продолжено е традиционалното партнерство со компанијата Mastercard.

Јелена Ристиќ, директорка за регионот на Србија, Црна Гора и БиХ во компанијата Mastercard, изјави: „Она што ние во компанијата Mastercard го правиме на пазарот на Србија идентично е со нашиот глобален пристап – ние сме технолошка компанија која стои зад брзи, безбедни, практични и интуитивни трансакции, било кога и било каде потрошувачите треба да ги извршат, и ќе продолжиме да ги поврзуваме учесниците во финансискиот екосистем за заедно да напредуваме понатаму. Затоа ни е важен Копаоник бизнис форум, за да можеме да иницираме отворени дискусии со другите учесници на пазарот бидејќи само тогаш кога реално ќе го согледаме своето место, можеме да направиме ефикасни чекори кон унапредување.“

Специјални гости на овогодишниот Форум ќе бидат Џефри Сакс, професор на Универзитетот Колумбија и Иваило Изворски, главен економист на Светска банка за Европа и Централна Азија. На учесниците на Форумот ќе им се обрати и шефот на мисијата на ММФ за Србија, Доналд Мекгетиген. Со своите пленарни излагања, гостите на Форумот ќе се обидат да го осветлат идниот развој на геополитичката и геоекономската ситуација во светот и Европа, како и да дадат поблиска оценка на макроекономската состојба на регионот на Западен Балкан.

Претходна статијаGoogle излезе со објаснување за „woke односот“ на Gemini
Следна статијаТим Кук повторно најави дека Apple влегуваат на големо во трендот на генеративна вештачка интелигенција