steve-ballmer

Steve Ballmer, моменталниот главен извршен директор на Microsoft најави дека ќе се повлече од функцијата наредната година. Од тогаш започнаа шпекулации за можниот наследник, па дури последните недела дена направена е потесна листа на можните наследници. Некои од можните наследници се:

Stephen Elop – Поранешен главен извршен директор на Nokia, кој ја напушти таа функција по најавата за купување од страна на Microsoft.

Alan Mulally – Моментално главен извршен директор на Ford Motor Co.

Tony Bates – Поранешен главен извршен директор на Skype, сега одговорен за развој на бизнисот во Microsoft.

Satya Nadella – Одговорен во Microsoft за Cloud и сервиси за големи корисници.

stephen-elop

Она што привлече внимание последните неколку денови е непотврдената информација која излезе во јавноста, за можните планови што ги има Stephen Elop, кој што се смета за најсериозен кандидат, доколку биде избран да ја преземе функцијата.

Elop смета дека популарниот Microsoft Office пакет, кој што е одговорен за голем дел од приходите, не треба да биде ограничен само на оперативните системи од Microsoft, како и дека не треба да се користи како алатка за привлекување повеќе корисници. Според него пакетот треба да биде достапен на што повеќе платформи, посебно поради фактот што бројот на корисници на PC-ја полека се намалува. Шпекулацијата е дека доколку тој биде избран како нов CEO, Office пакетот ќе го направи достапен за Android и iOS, нешто што веќе одреден период се најавува, па одложува.

Друга работа што наводно би ја направил Elop е откажување или продавање на некои од постојните сервиси. Конкретно се верува дека ставот на Elop е дека Microsoft непотребно троши време и средства обидувајќи се да се натпреварува со Google Search, па поради тоа, а и поголемо фокусирање на компанијата на најважните сервиси, можно е Bing сервисот да биде откажан.

Покрај Bing, се најавува и продажба на Xbox одделот, кој што иако функционира добро, сепак Elop смета дека не спаѓа во групата на главни и важни сервиси во стратегијата на компанијата.

За разлика од порано кога Microsoft претставуваше скоро недостижен лидер помеѓу IT компаниите, денеска со се поголемата конкуренција се наоѓа во опасност од сериозно опаѓање на сеуште големиот процент од пазарот. Изборот на нов главен извршен директор, поради тоа е нешто што сите со интерес го следат и очекуваат, како и дали и каква нова стратегија би применил тој.

Претходна статијаСоработка во вистинско време додадена на веб верзијата на Office
Следна статијаНадградена Facebook апликацијата за Windows 8.1
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.