Главниот град на Црна Гора од 23 до 25 февруари ќе биде домаќин на Балканското карате-првенство, а осум членови на „Макпетрол“ ќе бидат меѓу натпреварувачите. Во Подгорица ќе учествуваат спортисти од 13 држави кои што ќе се соочат во машка и во женска сениорска конкуренција. Вкупно се пријавени 298 учесници.

Конкуренцијата на Балканското првенство е навистина силна. Пропозициите за учество дозволуваат да бидат пријавени најелитните и најдобро рангирани четири спортисти од секоја држава во секоја категорија. Сите каратисти на „Макпетрол“ првично ќе настапат во поединечна конкуренција во своите тежински категории и потоа поголемиот дел од нив ќе бидат дел од екипните тимови на македонската репрезентација во дисциплината борби (кумите).

Дел од машкиот тим на „Макпетрол“ се: Петар Заборски (-75 кг. и екипно), Витомир Трајковски (-84 кг и екипно), Давид Петков (-67 кг.), Данило Божовиќ (+84 кг.) и Димитар Лозановски (-67 кг.). Во женска конкуренција ќе се натпреваруваат: Ангела Мојсовска (-68 кг. и екипно), Викторија Јовановска (-61 кг. и екипно) и Јована Мицовска (-61 кг. и екипно).

Иако уредно пријавени, поради здобиени повреди на претходните настапи нема да учествуваат три искусни сениори и сениорки од „Макпетрол“: Симона Заборска, Стефан Стојановиќ и Петар Спасеновски.

Претходна статијаНовото ажурирање на One UI 6.1 ја носи Galaxy AI на повеќе Galaxy уреди
Следна статијаGoogle тестира криење на IP адресата на корисниците во Chrome