,,КРОАЦИЈА ОПЕН 2018,, 

Каратистите на КК Макпетрол – Скопје ќе учествуваат на еден од најмасовните и највисоко рангирани карате турнири ,„Кроација опен,“ што ке се одржи во Ријека од 28-30 септември 2018 година. На турнирот ке учествуваат каратисти од 25 држави со 1908 пријавени натпреварувачи. 

Тренерот Бошко Заборски изјави дека се подготвени за турнирот и додаде дека настапот за нив претставува почеток на есенската сезона која ќе биде напорна и тешка како никогаш до сега, од причина што каратистите на КК Макпетрол истовремено се подготвуваат за три големи натпреварувања кои следат во наредниов временски период. Тоа се: учество во Токио, Јапонија на Светската 1 Премиер Карате Лига, потоа подготовка за Светското првенство кое ќе се одржи во Мадрид во месец ноември и секако јуниорските репрезентативци и јуниорите и (У21) кои ќе учествуваат на државното првенсттво кое ќе биде критериумско за влез во репрезентацијата исто во месец Ноември, заврши Заборски  

За Хрватска ќе заминат следните натпреварувачи кои ќе настапат во дисциплината борби: Петар Заборски, Петар Спасеновски, Давид Петков, Глигор Петков, Абдурахим Идризи, Моника Пендаровска и Анѓела Мојсовска.

Претходна статијаПричината поради која тешко го менуваш своето мислење
Следна статијаОсновниот Galaxy S10 модел ќе дојде со рамен екран, наместо со „edge“ како кај посилните модели