Инфо караванот на ИПАРД денеска беше во Неготино и Кавадарци и се сретна со заинтересираните лица кои што сакаа да се информираат за Мерка 1, односно инвестиции во материјални средства на земјоделски стопанства од ИПАРД Програмата 2014-2020.

Инфо средбите беа организирани по најновиот протокол за заштита од Ковид-19, на отворен простор, а на влезот на секоја локација се мереше телесната температура на секој посетител, се дезинфицираа рацете и му се даваше заштитна маска, се правеше евиденција за присутност, со давање на рекламен материјал и освежителен пијалак, вода или сок.

Се повикуваат сите заинтересирани граѓани да присуствуваат на инфо средбите со цел полесно информирање и искористување на Мерка 1, бидејќи крајниот рок за поднесување на барањата за Мерка 1 е 03 август 2020 година.

Во понеделник, 27.07, инфо караванот продолжува со информирање за Мерка 1 во општините Зајас во кругот на училиштето “ОУ Реџо Рушит”, од 11:00 часот и Осломеј, во кругот на OУ„ Милто Ѓурра”-с. Стрелци во 15:00 часот.

Последниот ден од инфо караванот низ државата ќе биде во општина Конче, на 28.07 во дворот општината Конче од 11:00 часот.

Мерка 1 ги опфаќа заинтересираните сопственици на земјоделски стопанства, физички лица кои што се носители на семејно земјоделско стопанство, индивидуални земјоделци, правни лица и задруги, кои што имаат производни капацитети од растително или сточарско производство. Со овие инвестиции се постигнува јавно здравје, благосостојба на животните и заштита на животната средина а со тоа поквалитетно производство и развиено земјоделско стопанство.

– За дополнителни информации и детали за инфо деновите за ИПАРД 2014-2020, сите заинтересирани лица, може да добијат на веб страниците на Телото за управување со ИПАРД фондовите при Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (www.ipard.gov.mk), Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството и Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, и тоа: http://ipard.gov.mk/ , http://mzsv.gov.mk/ , http://ipardpa.gov.mk/ , http://agencija.gov.mk/ или на телефонските броеви на Секторот за управување со ИПАРД при МЗШВ на 02/3134-477 локал 113, 114 и 115 во АФПЗРР 02/3097-460 и АПРЗ 047/228-330 И 047/228-370.

Претходна статијаСТОП за возењето под дејство на алкохол – Ова лето безбедноста нека ти биде на прво место
Следна статијаIntel најави дополнително одложување на нивните 7nm чипови