Каратистот на Макпетрол Абдурахим Идризи (-55 кг), го освои златниот медал во светската  Карате 1 Младинска лига во Умаг, Хрватска, тој во јуниорска конкуренција.  во финалето го совлада Максим Краснов од Русија со 7-2.

Претходно Идризи забележа четири победи.

Резултати -55 кг
Абдурахим Идризи – Лукас Томас (Германија) 0-0
Абдурахим Идризи – Мирнес Аговиќ (Босна и Херцеговина) 3-0
Абдурахим Идризи – Максим Падолски (Белорусија) 2-2
Абдурахим Идризи – Никита Филипов (Украина) 5-0
Финале
Абдурахим Идризи – Максим Краснов (Русија) 7-2

Тренерот на К.К.Макпетрол, Бошко Заборски изјави: Многу сум задоволен од настапот на нашиот млад каратист Абдурахим Идризи на Светскиот куп кој се одржа во Умаг, Хрватска. Идризи настапи во Јуниорска конкуренција во дисциплината борби во категорија (-55кг), тој забележа пет (5) последователни победи и заслужено го освои златниот медал од ова највисоко рангирано натпреварување кое го организира Светската карате федерација (ВКФ). Најубедливи се победите во полуфиналната и финалната борба кога тој буквалнио ги декласираше своите противници и со голема бодовна разлика успеа да се качи на победничкиот пиедестал. Идризи со своето учество на последните првенства, докажува дека постепено прераснува во голем карате потенцијал на кој ќе може да рачуна Македонија во иднина.

Светскиот куп беше многу масовен со учество на 1874 натпреварувачи од 74 држави од целиот свет.

Првите десет спортисти во категоријата -55 кг, од вкупно 39 пријавени натпреварувачи
Претходна статијаРСБСП со нови активности: „ Го сакам градот безбеден “ – оваа недела во Охрид
Следна статијаНовите iPhone телефони во есен ќе дојдат со избор од повеќе бои ?