Халкбанк АД Скопје дел од поддржувачите на коалицијата “Priceless Planet” – платфoрма на Mastercard насочена кон поздрава планета

Ги покануваме корисниците и компаниите да се придружат во засадување на 100 милиони дрва во рок од пет години

19, Април 2021 – Mastercard и Халкбанк АД Скопје  ја објавуваат новата акција на Priceless Planet, платформата која ги обединува корпоративните заложби за поздрава планета и овозможува значајни инвестиции за заштита и подобрување на животната средина.

Халкбанк АД  Скопје заедно со партнерите од коалицијата Priceless Planet ќе учествува во заложбата за засадување на 100 милиони дрвја во светот во следните пет години. Мисијата на оваа коалиција е „Добро работење преку правење добри дела“. Во глобалната мрежа учествуваат светски познати банки и компании.

„Чест ни е што сме дел од коалицијата Priceless Planet предводена од Mastercard. Како банка за која најважни се луѓето и нивната добростојба, заложбата за поздрава животна средина и намалување на штетните ефекти кои влијаат на сите, ни е од огромна важност. Ние и понатаму продолжуваме со вложувањата во еколошки процеси на работа и ги повикуваме нашите клиенти да не следат во заложбата за поздрава планета.“ – изјави Билал Суџубаши Главен Извршен Директор на Халкбанк АД Скопје.

„Коалицијата Priceless Planet која ја лансиравме на глобално ниво е една од нашите најзначајни кампањи за општествена одговорност.  Клучно за компаниите е да се вклучат во заложбата за еколошко работење со користење на обновливи извори на енергија, намалување на емисиите на јаглерод како и преку инвестирање во енергетски ефикасни работни места и операции. Mastercard со партнерите достигнува бројка од околу 3 милијарди корисници на приватни и корпоративни картички. Еден од главните елементи на оваа огромна одговорност за нас е да ги поттикнеме луѓето да се активираат во насока на заштита и свесност за животната средина.“ – изјави Вања Манова Регионален директор на Мастеркард за Бугарија, Македонија, Албанија и Косово.

Според едно ново истражување за одржливоста, нарачано од Mastercard, како резултат на КОВИД-19, се бележи зголемување на заинтересираноста на клиентите за заштита на животната средина. Повеќе од две петтини од жителите на Европа што учествувале во истражувањето (48 %) сметаат дека намалувањето на нивното влијание врз емисиите на јаглероден диоксид е далеку поважно сега во споредба со ситуацијата пред пандемијата. Всушност, повеќе од половина жители на Европа (52 %) сега се многу посвесни за начинот на кој нивните дејства влијаат врз животната средина, каде што припадниците од генерацијата З и милениумците (58 %) се најподготвени да преземат нешто. Сето ова укажува на еден растечки тренд кон еколошки свесно трошење и консумеризам меѓу луѓе што сакаат чинот на купување и добивање поени или награди да го претворат во дејство со одредена тежина за доброто на планетата. 

Во текот на последниве десетина години пораснала желбата за посвесен консумеризам. Сепак, промените во однесувањето и преземените дејства бележат брз раст како директен резултат од КОВИД-19. Како што потрошувачите стануваат сè посвесни за своите дејства, речиси три од пет лица (58 %) сметаат дека компаниите треба да работат на поодржлив и поеколошки начин по појавата на КОВИД-19, при што припадниците на генерацијата З ја предводат оваа промена (62 %). Жителите на Европа, исто така, откриваат дека покрај справувањето со пандемијата, намалувањето на отпадот (39 %), решавањето на проблемот со пластичниот отпад од пакувања и производи (38 %) и намалувањето на загадувањето на воздухот и водата (35 %) ги сметаат за трите најважни проблеми на кои би сакале да се посветат компаниите и брендовите.

Компаниите кои се дел од Коалицијата во светски рамки ќе продолжат да ги имплементираат сопствените стратегии за одржливост, како и да соработуваат преку Коалицијата во заедничките кампањи. Една од иницијативите ги охрабрува потрошувачите да користат јавен превоз, наградувајќи ги со засадување дрво, друга иницијатива овозможува при самото плаќање да се оствари донација за засадување на дрво. Кампањата ќе се реализиира и ќе биде поттикната во градови-партнери низ целиот свет вклучувајќи ги Лондон, Њујорк, Стокхолм, Хелсинки, Анкара, Барселона и други.

Сите клиенти на Халк банка корисници на Мастеркард картичките добиваат можност да се приклучат кон оваа глобална акција и со секоја направена трансакција со Мастеркард картичките да се дел од поддршката на активностите и целите на коалицијата, како што е засадувањето 100 милиони дрвја на планетата во текот на следните пет години.

Следете ги Халкбанк и Mastercard на социјалните мрежи и дознајте како да се вклучите во следните активности на коалицијата Priceless Planet.

Претходна статијаДоверлив партнер за успешна и безбедна дигитализација
Следна статијаIngenuity хеликоптерот го направи својот историски прв лет на Марс