полиција
Media: Peter Byrne/PA

Британската полиција започна да ги опремува своите службеници со мобилен скенер за отпечатоци од прсти. Со него, секој полициски службеник ќе може рутински, за само неколку секунди да идентификува лице врз база на два отпечатока.

Со скенирање, двата отпечатока се испраќаат во датотека од 12 милиони примероци каде се споредуваат и се добиваат резултатите. Службеникот ќе добие информации за возраста, фотографија, име и презиме, претходни прекршувања на законот и сл.

Интересно е што ќе бидат овозможени и информации кои се однесуваат на менталното здравје на осомничениот, зависноста од дроги, па дури и неговиот имиграциски статус, доколку се работи за барател на азил. За да се отфрлат евентуални сомнежи за загрозувањето на приватноста на луѓето, уредот не ги зачувува отпечатоците, доколку идентификуваниот не се наоѓа на некоја од листите.

Британската полиција ќе опреми 250 свои службеници со ваков уред, кој чини помалку од 300 фунти. Софтверот ќе пребарува низ двете најголеми датотеки на отпечатоци. Едната наменета за осуденици со британско потекло, односно оние веќе затворани под различни основи. И другата, наменета за лица кои немаат државјанство на ОК, но се заведени во системот при првото влегување во државата.

Уредот, односно 250 примероци се поделен на припадниците на полицијата од округот Западен Јоркшир. До крајот на годината се планира тој да биде во служба во вкупно 20 окрузи во Британија.

ИЗВОРAlphr
ИЗВОР 2Wired
Претходна статијаNational Geographic ја „улови“ реакцијата на Маск по полетувањето на Falcon Heavy
Следна статијаAndroid P ќе донесе редизајн на системот, како и поддршка на уреди со свитливи екрани