Airbus
European Space Agency

Вселенскиот отпад е проблематично прашање. Количините на вселенски отпад се таложат од година во година, а никој до сега нема понудено конкретно решение за справување со овој проблем. Се проценува дека се работи за количество од 7.000 тони.

Европската вселенска агенција заедно со неколку приватни компании, во текот на наредниот месец ќе се обиде да изнајде решение за отстранување на „вселенскиот шут“. Отстранувањето на ваквиот отпад е приоритет. Се проценува дека се работи за количество од 7.000 тони. Вселенските мисии се соочуваат со се поголема опасност леталата да им бидат оштетени токму од предмети во орбита околу планетата.

Според пишувањето на британски Guardian, компанијата Airbus има понудено најавтентичен предлог. Тие целат кон отстранување на еден од најголемите отпадоци, тежок околу 80 тони. Нивниот план предвидува привлекување на Envisat сателитот со помош на вселенски „харпун“. Се очекува истиот да согори во атмосферата уште пред да биде приземјен.

Харпунот кој ќе биде користен е долг 1 метар и е лансиран со помош на воздух под притисок. Главата на харпунот е полна со изострени делови кои ќе пробијат низ тенкиот оклоп на сателитот и ќе се фиксираат за него.

Наредниот месец на тест ќе биде ставен прототип од „харпунот“ кој ќе треба да докаже дали ваквиот подвиг е изводлив. Оригиналната верзија е се уште во развој. Доколку се покаже како ефективен ќе добие задача да го расчисти небото од искористени ракети и друг вид на вселенски отпад.

ИЗВОРDigital Trends
ИЗВОР 2The Guardian
Претходна статија46% од луѓето пишуваат на својот смартфон додека возат
Следна статијаTesla претстави унапреден автопилот кој владее со свиоците