Иако сами можеме да си избереме позадини, бои и да си направиме своја тема, сепак повеќето од нас сакаме работите да ни бидат готови и спремни за користење. Како што повеќето од Windows корисниците знаете, на него можете да менувате теми кои во основа се состојат од комбинација на десктоп позадини кои доколку се повеќе од една, се менуваат, како и бои за прозорците и taskbar-от. Избор на инсталираните теми можете да направите со притискање на десното копче на маусот и избирање на Personalise опцијата. Доколку сакате да инсталирате нови теми, истото можете да го направите со притискање на Get more themes online во Personalise менито или на следниот линк.
Периодично како што се додаваат нови теми, Microsoft ги промовира најинтересните од нив, па во продолжение можете да ги симнете најновите „зимски“ теми за вашиот Windows компјутер.