Квантните компјутери, односно оние кои не користат бинарен код од битови за својата работа и имаат qubit, кој може да биде во повеќе состојби во исто време, според многумина се иднината, бидејќи нивната моќ може значително да ја надмине онаа на класичните. Сепак, засега тие можат да се користат само за специјализирани задачи, како на пример за симулации и за криптографија.

Microsoft, кој е еден од водечките во истражувањата кај квантните компјутери, сака да го олесни користењето на овие компјутери со нов програмски јазик Q#, кој доаѓа и со материјал за тренирање и целосна документација. Покрај тоа, тој доаѓа и со симулатор за полесно програмирање, кој поддржува програми со 32 qubits и 32 MB рам за локален компјутер, односно до 40 qubits ако се користи нивното клауд решение Microsoft Azure.

Целта со Q# на Microsoft е да изгради постабилен програмски јазик, кој ќе може да се користи и за квантните алгоритми, но и за препознавање на грешките кои настануваат кај овој тип на компјутери, а поради тоа што се подложни на надворешно влијание.

Ваквите qubit, кои се отпорни на такви влијанија се нарекуваат „тополошки“ и истите можат да се користат во компјутери за кои не мора да има ладење на многу ниски температури, блиски до апсолутната нула, а воедно ќе користат и помалку qubits за да направат пресметка.

Извор: ARS Technica, Windows Report, Redmond Mag

Претходна статијаФил Шилер од Apple: технологиите за препознавање на лице на Android „смрдат“
Следна статијаSamsung патентира смартфон со дисплеј кој оди околу телото