Македонските ререзентативци кои се најдобро рангирани на Светската ранг листа во карате спортот, денеска преку Софискиот аеродром отпатуваа за Мадрид, Шпанија за да учествуваат на турнирот од 1 Премиер Карате Лига, од така наречената А серија.

Во Гвадалахара ќе учествуваат 1354 спортисти од 82 држави, што укажува на податокот дека овој турнир ќе биде многу силен. Турнирот е само за сениори-ки, и тие настапуваат во дисциплината кати и борби во поединечна конкуренција.

Секој остварен пласман до деветтото место и евентуално освоен медал, ќе значи и подобрување на рејтинг листата на нашите спортисти.

За Гвадалахара отпатуваа следните спортисти:

  1. Сара Радичевска -50 кг
  2. Симона Заборска -55 кг,
  3. Наташа Стефановска -61 кг
  4. Моника Стефановска -68 кг
  5. Петар Заборски -75 кг

Претходна статијаКинеската полиција доби паметни очила со функција за препознавање на лица
Следна статијаИзјава од Сопственикот на ИНБОХ, Г-динот Стојче Тасков