Integral Memory
Фото: Integral Memory

Веќе во првиот месец од годинава срушен е уште еден технолошки рекорд поставен минатата година. Британската компанија Integral Memory ја промовираше првата Micro SD картичка со капацитет од половина терабајт меморија.

Сигурно ги паметите мемориските картички кои се појавија со првите мобилни телефони кои можеа да продуцираат mp3 музика. Тие минијатурни пластични парчиња на почетокот имаа капацитет од само 128Mb. Со развојот на технологијата и форматите на содржини растеше и капацитетот на популарните мемориски картички. Ако денес во тренд се видеа со 4К резолуција, паралелно на тоа доаѓа и појавата на мемориски кои во себе можат да меморираат дури 512Gb.

Брзината на трансфер на податоци кај оваа картичка изнесува 80Mb/s. Тоа не претставува особен исчекор, меѓутоа ќе биде сосема доволно за да одговори на задачите кои ќе ѝ бидат поставени. Производот ќе стане достапен во февруари, а потенцијалната цена се шпекулира дека ќе биде околу 250$. Ваквите наводи се темелат на тоа што нејзиниот претходник со капацитет од 400Gb сѐ уште ја држи оваа цена на Amazon.

Извори: Engadget, Mashable

Претходна статијаНастанот за претставување на Galaxy S9ките официјално закажан за 25 февруари
Следна статијаVivo го претстави првиот смартфон во светот со сензор за отпечатоци под екранот