Од денес официјално започнува еден од неколкуте познати саеми за технологија кои се одржуваат еднаш во текот на годината, секој во својот познат период. CES 2018 како и секоја година е местото каде се претставуваат некои од најинтересните нови технологии на кои работат производителите.

Samsung на својот посебен настан претстави нов телевизор кој го носи името The Wall. Причината за ова име е неговата големина која изнесува 146 инчи, тоа се 3,7 метри должина на дијагоналата. Со други зборови, доколку овој телевизор го ставите дома, ќе го покрие скоро целиот ѕид.

The Wall е наменет да се користи и на место каде што е потребен уште поголем телевизор. Тој е модуларен, што значи дека може да се додадат уште делови со цел да се добие саканата големина и формат.

Една од главните работи за The Wall може слободно да се каже дека не е неговата големина. Тој е направен со новата microLED технологија која оваа година очигледно ќе биде годината кога ќе почнеме да ја гледаме во комерцијалните производи.

Се работи за технологија каде LED диодите се уште помали од тие кај другите телевизори и тие самите се извор на светлина. Поради тоа не е потребно заднинско осветлување.

Според Samsung оваа технологија овозможува подобар квалитет на сликата, како и поефикасно искористување на енергијата.

Со оглед дека се работи за претставување на CES саемот, за овој телевизор може да се очекува да дознаеме повеќе во периодот што следи.

Извор: Samsung, ZDNet, TechRadar

Претходна статијаМарк Зукерберг: Facebook треба да се менува
Следна статијаSony претстави нови селфи смартфони на CES 2018
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.