self-destructing-chip

Сите ние сме гледале многу криминалистички филмови каде лошите момци (или девојки) се обидуваат да уништат податоци во некој компјутер, а со цел да се заштитат од лицето на правдата. Сега, со чипот на Xerox PARC, тоа ќе им биде многу полесно.

Секако, не го сфаќајте ова толку буквално – ваквиот чип може пред се да им користи на многу корисници кои сакаат да ги заштитат своите приватни податоци, односно лозинки и разни други енкриптирани и сензитивни датотеки. Во превод, многумина од нас.

Чипот е дел од DARPA VPR (Vanishing Programmable Resources) проектот и е целосно изработен од Gorilla Glass стакло, истото она што го користат скоро сите паметни телефони. Идејата е чипот да биде доволно цврст при нормално користење, но кога ќе се напне, да се искрши на супер мали парченца стакло кои потоа ќе биде невозможно да се состават повторно.

Тимот кој стои зад чипот демонстрираше уништување само со помош на ласер. Чипот буквално експлодира после неколку секунди и остава само ситни парчиња стакло. Се што треба потоа да направите е да ги исчистите и да внимавате да не се исечете. И секако, да се простите од податоците на него, бидејќи никој нема да може да ги врати назад.

Во иднина, според креаторите на чипот, тој ќе може лесно да се уништи и преку радио бранови, што значи дека тоа ќе може да го направите и од голема оддалеченост.

Извор: Engadget, Slash Gear

Претходна статијаSteadXP е надворешен стабилизатор за снимање видео!
Следна статијаDell XPS 12 – супер моќен Windows Таблет/Лаптоп со 4K екран