Magic Leap е компанија која успеа да привлече прилично многу внимание, но и финансиски средства од повеќе компании, меѓу кои и Google. Целата фама се врти околу најавата за претставување на очила за проширена реалност, кои конечно оваа недела беа претставени во јавноста.

Сепак, претставувањето ја продолжи практиката на таинственост на компанијата, па достапни се одредени информации, пред се изгледот на уредот, меѓутоа за подеталните спецификации, цената и датата на достапност, ќе почекаме уште малку.

Како и да е, она што е сигурно е дека очилата ќе станат достапни во 2018 и ќе претставуваат сериозна конкуренција на Microsoft HoloLense и слични.

Magic Leap One: Creator Edition ќе биде името на првата верзија од очилата. Доаѓаат во пакет со уште еден помал уред кој се носи на ременот, кој во основа е компјутерот зад работата на очилата. Исто така, достапен е и контролер без којшто искуството не би било целосно.

Она по коешто овие очила треба да се разликуваат од конкуренцијата, барем во најавата, е поширокото поле на гледање на работите, како и посебната технологија за креирање и прикажување на виртуелната содржина.

Уредите како овој ќе станат доста популарни во иднина. Тие ќе овозможат целосно нов начин на интеракција со содржината која ја „консумираме“ во денешно време. Наместо користење на смартфон, монитор и слично, се што ни е потребно ќе биде прикажано преку очилата.

Исто така, за разлика од очилата за виртуелна реалност, овој вид на очила се проѕирни, односно преку нив се гледа околината, надополнета со виртуелната содржина.

Навистина интересно и со нетрпение го чекаме датумот кога ќе може барем да прочитаме за корисничкото искуство на Magic Leap One.

Претходна статијаМакедонската апликација When in X повторно се најде меѓу најдобрите стартапи во Европа
Следна статијаAmazon планира да направи пандан на YouTube
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.