Серверските Xeon чипови веќе подолго време се број еден избор на помалите компании кои имаат потреба од сервер со помала или средна моќност. Најновите Xeon процесори од Kaby Lake генерацијата не донесуваат премногу новини во однос на своите претходници, но се солидна надградба, особено што ќе функционираат на истите матични плочи.

Имено, бидејќи тие се базирани на истиот LGA1151 сокет, ќе можат да се вградат на истите матични како Skylake процесорите. Се што треба е само да направите надградба на BIOS-от. Интересно, овие чипови донесуваат поддршка за Intel Optane Memory, што значи дека и актуелниот чипсет во истите матични плочи поддржува. Дали пак компаниите ќе почувствуваат огромен напредок во перформансите е дискутабилно – ова е само помала надградба, која интересно донесува поголеми подобрувања само кај моделите со вградена графика.

Кај нив има нов графички чип Intel HD P630, кој може да енкодира и декодира 4K видео, што го прави одличен избор за сервери каде е потребна малку поголема мултимедијална моќ. Од друга страна, сите процесори имаат четири јадра и освен најслабите два, можност за обавување на осум работни задачи одеднаш, односно да користат виртуелни 8 јадра. Сите трошат 72 или 73 вати (за моделите со вградена графика) енергија, што ги прави идеални за помалите компании и постигнуваат турбо брзини до солидни 4,2 GHz.

Независно од помалите подобрувања во однос на Skylake Xeon чиповите, новата генерација повторно треба да биде меѓу првите на радарот на компаниите кои бараат ново серверско решение, иако AMD неодамна ја лансираше успешната Ryzen платформа, која исто така би можела добро да се снајде во серверско решение, но сѐ уште нема соодветна поддршка.

Извор: Anand Tech

Претходна статијаПротечени информации за нов Moto X смартфон
Следна статијаЕлон Маск стартува нова компанија за „мозочни“ чипови