Сигурносен пропуст е пронајден кај компјутерските процесори од Intel, односно тие направени во x86-64 архитектура. Се работи за процесорите кои се користат во компјутерите кои работат на Windows, Linux и macOS.

Работите да биде уште позагрижувачки, пропустот е присутен кај сите процесори од компанијата направени во последните 10 години.

Во основа се работи за грешка во дизајнот на процесорите која може да се искористи да се види заштитената содржина од апликациите и нивната комуникација со kernel-от од оперативниот систем.

Грешката овозможува секоја инсталирана апликација, па дури и скрипта од веб страна да ја види заштитената содржина и од другите апликации, па со тоа да добие пристап до лозинките на корисникот и други вакви информации.

Исправањето на грешката треба да се направи во дизајнирањето на самите чипови, што значи дека до тогаш заштитата на корисниците ќе биде овозможена преку промена на работата на kernel-то.

Проблемот во целата работа е што се предвидува намалување на перформансите на процесорите за 5 до дури 30% зависно од процесорот. Тоа ќе се случи поради целосно издвојување на меморијата на kernel-от од процесите на апликациите, нешто што ќе предизвика непотребни дополнителни процеси кои ќе се повторуваат.

Целосната информација за пропустот сѐ уште не е целосно објавена, односно оставен е простор за компаниите да ги издадат своите привремени закрпи. На Windows веќе е достапна закрпата, меѓутоа само на Insider, односно тест верзиите од Windows 10, а се очекува пуштање за сите корисници за краток период.

Извор: TechSpot, The Register, 9to5Mac

Претходна статијаLG го претстави 88 инчниот 8К OLED екран
Следна статијаПо „скандалот“: Apple ќе дава попуст на замената на батериите
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.