Intel
Фото: Intel

Компанијата Intel го претстави процесорот од 8-мата генерација со интегрирана AMD RX Vega M графичка картичка. Комбинацијата од најсовремениот процесор и графичка картичка ќе резултира со потенки и полесни лаптоп компјутери кои ќе понудат солидни перформанси.

Intel го најави овој производ уште во ноември минатата година. Но, јавноста мораше да почека до CES за да бидат објавени деталните спецификации. Претходно ваквите процесори беа комбинирани со засебна графичка картичка со цел да остварат оптимални перформанси. Она што Intel сега го нуди е решение кое ќе ги спои овие две компоненти.

Intel
Фото: Intel

Компанијата изработи две варијанти од процесорот. Едната наменета за лаптоп компјутери, опремена со RX Vega M GL; и друга со RX Vega M GH, наменета за мали десктоп компјутери. Очекувано, варијантата наменета за лаптоп-и е послаба во конкуренција со својот GH роднина. GL варијантата ќе биде достапна со Intel-овите i5 и i7, додека GH ќе се најде само кај i7 процесорите. Како и претходно процесорот и понатаму е опремен со стандардната HD 630 графичка. Таа ќе ја заменува моќната Vega кога нејзиниот капацитет нема да биде потребен.

Преведено на јазикот на gamer-ите ова ќе значи 7-10% подобар видео квалитет при играње на лаптоп или мал десктоп компјутер. Одлични 60fps, при Full HD резолуција од 1080p. Сето тоа доаѓа и со компатибилен софтвер од Radeon, кој ќе допринесе за уште поквалитетно искуство. Процесорот се очекува да се најде во новите машини произведени од HP и Dell, како и новиот NUC за кој неодамна пишувавме.

Извори: Engadget, TechRadar

Претходна статијаБезбедноста на нашите компјутерски уреди е речиси непостоечка
Следна статијаДобродојдовте во виртуелната реалност? Добродојдовте во иднината?