За некого можеби ќе биде изненадување тоа што General Motor е можеби првата автомобилска компанија во САД и во целиот свет што има произведено електричен автомобил за сериско производство. Тоа што не успеале да ја остварат зацртаната цел пред околу 40 години не е поради лошиот дизајн, неефикасноста или било која друга причина која зависела директно од нив, туку едноставно од политиката која во тој момент владеела. Но за тоа поопширно во некоја друга прилика.

Мора да се признае дека токму General Motors се најупорните кога станува збор за електрични автомобили. После толку години чекање конечно се сменија работите во автомобилската индустрија и оваа компанија е повторно меѓу првите кои почнуваат со производство на возила на електричен погон.

Покрај тоа што не ја загадува околината, Chevy Volt е всушност и забавен за возење. Од 0 до 100 километри на час забрзува за 7,5 секунди. Има мотор со јачина од 194 коњски сили и максимална брзина од околу 165 километри на час.

Според инжењерите на Chevrolet, овој модел има повеќе начини на полнење и контрола на батеријата од било кога до сега. Контролата се врши преку Power Flow екран кој што е поставен на главната табла и му дава футуристички изглед на ентериерот на возилото.

Цената на новиот модел на Chevy Volt се движи некаде околу 33,000 долари што и не така висока за овој тип на возила.

Извор: CarAndDriver, Chevrolet

Претходна статијаТехнологијата во 2017-та: Што можеме да очекуваме?
Следна статијаSamsung ќе лансира Harman Kardon звучник со вградена Cortana