1080p
Media: AMD

Компанијата AMD разработува чип за забрзано процесирање на податоци кој ќе го подобри gaming визуелното искуство. До сега, играњето игри со добра или подобро кажано висока резолуција се сметаше за извесен луксуз. Ова се должи поради потребата да се поседува специјализирана „gaming“ графичка картичка која би можела да ја поддржи високата резолуција додека истовремено не губи перформанси.

AMD Ryzen 5 2400G APU цели токму кон тоа. Се работи за 4 јадрен процесор опремен со Radeon-овата RX Vega 11 графичка технологија. Практично ова треба да е „обичен“ процесор со интегрирана графика, меѓутоа многу посолиден од она што сме навикнати да го видиме од Intel. За да ги докаже своите перформанси AMD Ryzen пројде тестирање со некои од најпопуларните и најзахтевните игри на денешницата. Во речиси сите случаеви овој процесор покажа солидни резултати и одличен fps индекс при висока резолуција од 1920 х 1080p.

И понатаму тука се зборува за т.н. framerate кој се движи помеѓу 30 и 60. Преведено на речникот на gamer-ите, ништо спектакуларно. Меѓутоа важно да се напомене е дека се работи за практично интегрирана графика и дека тоа и понатаму е многу подобро од она што до сега може да се најде во стандарден лаптоп компјутер. Цената на ова задоволство изнесува 169 американски долари, а може да се порача на он-лајн продавницата Amazon.

ИЗВОРForbes
ИЗВОР 2AMD
Претходна статијаFacebook тестира downvote копче за означување на коментарите
Следна статијаШто ќе значи Harry Potter: Wizards Unite за AR и VR светот?