За време на CES 2019 настанот којшто се одржува оваа недела во Лас Вегас, американската компанија Whirlpool претстави производ којшто е погоден за машките можеби или за модерниот начин на живот.

Оваа компанија, поточно нивниот инкубатор W Labs, претставија паметна вградлива рерна која може да ја препознава храната којашто е ставена во неа. Таа може да препознае повеќе видови на храна, како и тоа дали храната е свежа или смрзната.

Потоа рерната автоматски може да ја прилагоди температурата која е потребна за спремање на соодветната храна, како и времето потребно за истото.

Покрај оваа можност, рерната работи и со интеграција на Google Assistant и Amazon Alexa, што значи дека може да се контролира со гласовни команди преку смартфон.

Оваа рерна ќе биде произведена само во ограничен број од 2.000 единици, па може да се заклучи дека во оваа фаза е само еден вид на концепт којшто треба да се види како ќе се покаже кај купувачите.

ИЗВОРWhirlpool
ИЗВОР 2Engadget
Претходна статијаДиректорот на Nvidia ги критикува новите графички од AMD
Следна статијаСнимка од слетувањето на „темната“ страна од Месечината од страна на кинеското летало Chang’e 4
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.