Начинот на кој се изразуваме на електронските уреди не е променет веќе децении – скоро сите го правиме тоа преку QWERTY или сличен распоред на тастатура (зависно од земјата), која е или хардверска или пак виртуелна на уредите со дисплеј на допир.

Сепак, нова компанија “Tap” развива нов начин на пишување само со прстите на корисникот, што би можело значително да го смени начинот на кој пишуваме и е особено значаен за уредите за гледање виртуелна реалност, каде другите тастатури не можат за завршат работа од едноставна причина што не можете да ги гледате. Тастатурата на Tap само треба да ја поставите на вашата рака, односно на сите прсти и истата е многу лесна и не пречи во нормалното функционирање на раката.

Производот на “Tap” инаку се користи со најразлични гестикулации со прстите – едно мрднување на секој прст е самогласка (A, E, I, O, U), додека со комбинации од повеќе прсти се добиваат согласките. Ваквиот начин на пишување дефинитивно делува збунувачки и веројатно ќе треба малку подолго време пред да влезе во мускулната меморија, но така е и со пишувањето на секоја друга тастатура.

Како и да е, Tap е дефинитивно уред кој нема да ги замени хардверските тастатури, па ниту виртуелните на нашите телефони, но би можела да најде одлична примена кај уредите кај кои не се гледа тастатурата. Tap инаку има батерија која трае 6 часови со едно полнење, што е веројатно и повеќе од доволно за една долга и квалитетна сесија пишување. Неговата цена изнесува 130 долари, што е веројатно најголема пречка за да стане популарна.

Извор: CNET, Wareable, Tap With Us

Претходна статијаWilleyfox Pro е нов смартфон со Windows 10 Mobile кој апсолутно НЕ треба да го купите
Следна статијаFirefox ќе ве известува доколку посетите страна која била хакирана