hololens-shell

Microsoft очигледно е во понапредна фаза на лансирање на HoloLens на пазарот – во ново протечено видео може да се види нова апликација наречена Actiongram, со која може да се прават видеа со „изменета реалност“, а може да се види и на кој начин ќе се управува со старт менито во специјалната Windows 10 верзија за него.

Како и што беше очекувано, со тоа што корисникот ќе го гледа во просторот ќе може да се управува со движење на рацете во воздухот, а да се одбере апликација или пак некој предмет со виртуелно притискање со прстот.

Ова може многу добро да се види во новото старт мени, кои неодоливо потсетува на она во стандардната Windows 10 верзија, но со мали измени – живите плочки и Cortana се на едната страна, додека сите апликации се на втората страна. Во горниот дел пак има стандардни статуси за траењето на батеријата, звукот и Wi-Fi сигналот.

За оние кои ќе имаат проблеми со овие команди, достапен ќе биде и таканаречен Bluetooth Clicker, кој ќе биде еден вид на безжичен напрсток, на кој ќе има едно копче што корисникот ќе може вистински да го притисне, односно да чувствува фидбек кога го прави тоа. Уредот има вградена батерија и треба да се полни преку micro USB приклучок.

hololensbluetoothclicker.0

Корисниците кои пак сакаат да продуцираат видеа со изменета реалност, можат да се потпрат на новата Actiongram апликација, која е специјално дизајнирана за тоа, односно со неа може да се снима просторот и да се ставаат виртуелни објекти во него.

Првите бета верзии од HoloLens би можеле да бидат достапни многу наскоро, но веројатно во почеток тоа ќе биде само за дивелоперите.

Извор: The Verge, Windows Central, ZDNet

Претходна статијаДали пречките го ограничуваат талентот? – Самостојна изложба на слики на Никола Колев
Следна статијаНовиот 4 инчен iPhone ќе се вика SE?