Snap, компанијата која стои зад разбојот на можеби најпознатиот сервис кај младите, Snapchat, пред околу 2 години ги претстави очилата наречени Spectacles. Како сервис којшто во главно се темели на размена на слики помеѓу корисниците, не беше воопшто чудно да како компанија им овозможат на своите корисници интересен и модерен начин за сликање на слики.

Сепак, овие очила не се покажаа толку многу популарни. Кога ќе се размисли подобро, не секој би сакал да шета по улица со дизајн стилот којшто го имаат избрано од компанијата, а исто така сигурно реакциите коишто би ги добивале овие луѓе не се секогаш најдобри поради можното нарушување на приватноста на другите.

Од компанијата оваа недела ја претставија втората генерација од овие очила и тие во главно немаат некои големи промени. Направени се во нешто помал стил, па поради тоа се полесни за носење.

Исто така, подобрено е траењето на батеријата, додадена е отпорност на вода и зголемена е брзината на пренос на податоците од очилата на мобилните телефони. За сето ова корисниците кои може да ги купат Spectacles во ограничен број на земји, ќе треба да издвојат 20 долари повеќе од првиот модел, односно Snapchat Spectacles чинат 150 долари.

Инаку, со овие очила може да се сликаат слики и да се снимаат видеа со ограничено време на траење. Истите се разбира се наменети за споделување на Snapchat, па ќе видиме дали втората верзија од овие очила ќе се покаже како поуспешна и популарна кај огромниот број на корисници на оваа апликација.

ИЗВОРTNW
ИЗВОР 2Snap
Претходна статијаGoogle Tasks е едноставна и основна апликација за менаџирање на задачи и планови
Следна статијаСекој ден е бајка – со анимираните филмови на Дизни на Pickbox
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.