google-glass-wink

Google Glass е сеуште експериментален проект кој што доаѓа во форма на очила кои од едната страна имаат мал екран. Истите се користат најдобро како додаток на Android мобилен телефон, со кого се поврзуваат преку Bluetooth и овозможуваат користење на одредени функции директно преку нив.

Со најновата надградба на софтверот покрај другите, Google воведе една доста интересна функција на Glass очилата. Сликањето, кое што и до сега беше можно преку очилата, сега се извршува со едноставно намигнување со окото. Функцијата има едноставен процес на калибрирање после кој што секогаш кога корисникот ќе сака да слика нешто, се што ќе треба да направи е да намигне со десното око и сликата ќе биде зачувана, дури и во ситуации кога екранот на очилата е исклучен.

Од Google изјавуваат дека оваа функција не ја замислуваат само како едноставен начин за сликање при движење. Истата во иднина ја гледаат како начин на поедноставување и на други активности, како, плаќање на такси превозот со едноставно намигнување на таксиметарот, намигнување на пар на чевли во излог, па истите потоа да ви бидат доставени дома и слични други интересни намени.

Ова е доста интересна функција која што исто така предизвикува и загриженост за приватноста на луѓето, поради фактот што доколку Glass очилата станат производ масовно користен во иднина, луѓето нема да знаат кога некој ги слика. Со развојот на технологијата и ваквите производи нормално е загриженоста за приватноста да биде тема на разговор, меѓутоа мора да се направи баланс, односно да се искористат предностите на технологијата, а да се спречат злоупотребите, без притоа да се развие масовна загриженост кај луѓето.

Претходна статијаСите поднесени апликации во App Store ќе треба да бидат оптимизирани за iOS 7 од 1-ви Февруари
Следна статијаНов тренд кај телевизорите: Огромни заоблени екрани
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.